општина ново село

Соопштение до јавноста за нов надземен вод 10(20) Kv заедно со нова столбна бетонска трафостаница 10(20) 0,4 Kv „ОТКЛОН ЕКО ЕНЕРЏИ КОСМОС“ на дел од КП 4511, дел од КП 5578 и дел од КП 4505 КО СУШИЦА, Општина Ново Село

 

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ОПШТИНА НОВО СЕЛО

Градоначалник

Број. 10-1917 /8

06.10.2021 година

Ново Село

 

Врз основа на Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.32/20), од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02),член 28 од Статутот на Општина Ново Село, и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Ново Село за 2021 година со Бр.08-208/3 од 26.01.2021година, од Советот на Општина Ново Село, Градоначалникот на Општина Ново Село го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е  до  Ј А В Н О С Т А

По Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план –за нов приклучен надземен вод 10(20) Kv заедно со нова столбна бетонска трафостаница 10(20) 0,4 Kv „ОТКЛОН ЕКО ЕНЕРЏИ КОСМОС“ на дел од КП 4511, дел од КП 5578 и дел од КП 4505 КО СУШИЦА, Општина Ново Село

Опфатот е со површина од 111,52 м2.

Јавниот увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план – за нов приклучен надземен вод 10(20) Kv заедно со нова столбна бетонска трафостаница 10(20) 0,4 Kv „ОТКЛОН ЕКО ЕНЕРЏИ КОСМОС“ на дел од КП 4511,дел од КП 5578 и дел од КП 4505 КО СУШИЦА, Општина Ново Село, ќе трае 15(петнаест) дена, сметано во деновите од 07.10.2021 до 21.10.2021год. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења во електронака форма преку информациски систем е-урбанизам.

ОПШТИНА НОВО СЕЛО

Градоначалникот,

Никола Андонов

Соопштение до јавноста по Урб. Проект со план за парцелација на ГП1-1 и ГП1-2 УП в.н.м. изградба на стопански комплекс за откуп, диструбуција и преработка на земјоделски производи КП 404 КО Зубово

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ОПШТИНА НОВО СЕЛО

ГРАДОНАЧАЛНИК

Број. 10-886/3

23.04.2021 година

Ново Село

 

Врз основа на Законот за простроно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр. 32/20), од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/02), член 28 од Статутот на Општина Ново Село, и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Ново Село за 2021 година со Бр. 08-208/1 од 26.01.2021 година, од Советот на Општина Ново Село, Градоначалникот на Општина Ново Село го дава следното:

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

По Урбанистички Проект со план за парцелација на ГП1-1 и ГП1-2 Урбанистички план вон населено место изградба на стопански комплекс за откуп, дистрибуција и преработка на земјоделски производи КП 404 КО Зубово-в.г.р. Општина Ново Село.

Опфатот е со површина од 7161,75м2.

Јавниот увид по на Урбанистички Проект со план за парцелација на ГП1-1 и ГП1-2 Урбанистички план вон населено место изградба на стопански комплекс за откуп, дистрибуција и преработка на земјоделски производи КП 404 КО Зубово-в.г.р. Општина Ново Село, ќе трае 15 (петнаесет) дена, сметано во денови 24.04.2021 до 08.05.2021 год. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуаат писмени забелешки, предлози и мислења во електронска форма преку информациски систем е-урбанизам.

Општина Ново Село

Градоначалник

Никола Андонов

Преземете го документот: Соопштение до јавноста

Планска програма за урбанистички план вон населено место за индустриска зона „Ново Село“ во м.в. „Кошутица“ к.о. Ново Село вон г.р. Општина Ново Село

Планска програма за урбанистички план вон населено место за индустриска зона „Ново Село“ во м.в. „Кошутица“ к.о. Ново Село вон г.р. Општина Ново Село

Општина Ново Село

Градоначалник

Бр.10-702/3 од 05.04.2021 год.

Ново Село

Градоначалникот на Општина Ново Село, решавајќи по барањето на ДООЕЛ „НИМАЕР“ Д.Е. Струга, поднесено под број 10-702/1 од 25.03.2021 година, за одобрување на планска програма, врз основа на член 44 став 8 од Законот за простроно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр.32/2020), го издава следното:

РЕШЕНИЕ

Се одобрува Планска програма, со тех. бр. 03-87-1/2021 година изработена од ДООЕЛ „НИМАЕР“ Д.Е. Струга, за УПВНМ за индустриска зона „НОВО СЕЛО“ м.в. „Кошутица“, КО Ново Село, Општина Ново Село.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Барателот ДООЕЛ „НИМАЕР“ Д.Е. Струга, поднесе барање за одобрување на Планска програма, со технички број 03-87-1/ 2021 од март 2021 година изработена од ДООЕЛ „НИМАЕР“ Д.Е. Струга, за УПВНМ за индустриска зона „НОВО СЕЛО“ м.в. „Кошутица“, К.О. Ново Село, Општина Ново Село.

Преземете ја комплетната документација:

Решениe

Планска програма

 

Планска програма за измена и дополнување на урбанистички план на с.Колешино Блок 4, Општина Ново Село

Планска програма за измена и дополнување на урбанистички план на

с. Колешино Блок 4, Општина Ново Село.

Општина Ново Село

Градоначалник

Бр. 10-484/5 од 05.04.2021 год.

Ново Село

Градоначалникот на Општина Ново Село, решавајќи по барање на ДП „Визура“ ДООЕЛ Струмица, поднесено под број 10-484/1 од 01.03.2021 година, за одобрување на планска програма, врз основа на член 44 став 8 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр. 32/2020), го издава следното:

РЕШЕНИЕ

Се одобрува Планска програма, со технички број 2268/21 од февруари 2021 година изработена од ДП „ВИЗУРА“ ДООЕЛ Струмица, за измена и дополнување на урбанистички план на с. Колешино БЛОК 14, Општина Ново Село.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Барателот ДП „ВИЗУРА“ ДООЕЛ Струмица, поднесете барање за одобрување на Планска програма, со техничка број 2268/21 од февруари 2021 година изработена од ДП „ВИЗУРА“ ДООЕЛ Струмица, за измена и дополнување на урбанистичкиот план на с. Колешино БЛОК 14, Општина Ново Село.

Преземете ја комплетната документација:

Решение

ПЛАНСКА – ПРОГРАМА-БЛОК-14-С.-КОЛЕШИНО

 

Објава бр.2/2021 за електронско јавно наддавање за продажба на движни ствари – патнички моторни возила во сопственост на Општина Ново Село

ОБЈАВА бр. 2/2021

За електронско јавно наддавање

За продажба на движни ствари – патнички моторни возила во сопственост на Општина Ново Село

(Прв пат)

 

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронско јавно наддавање е продажба на движни ствари – патнички моторни возила сопственост на Општина Ново Село, кои се продаваат согласно Одлука за продажба на движни ствари-патнички моторни возила сопственост на Општина Ново Село донесена од Советот на Општина Ново Село Бр.08-2617/1 од 18.11.2019, Одлука за измена и дополна на Одлуката за продажба на движни ствари-патнички моторни возила сопственост на Општина Ново Село бр.08-2617/1 од 18.11.2019 заверена со архивски број 08-298/1 од 03.02.2021 година како и Одлука за продажба на движни ствари-патничко моторно возило сопственост на Општина Ново Село Бр.08-1944/1 од 20.10.2020, Одлука за измена и дополна на Одлуката за продажба на движни ствари-патничко моторно возило сопственост на Општина Ново Село бр.08-1944/1 од 20.10.2020 година заверена со архивски број 08-299/1 од 03.02.2021година, Извештај за процена на вредност на транспортни средства Бр.15-016/19 од 28.10.2019, Бр.09-016/19 од 28.10.2019 и  Бр.09-011/20 од 31.08.2020 година изготвена од страна на Трговец поединец за процена, проектирање и вештачење МС СТОП ИНЖЕНЕРИНГ Миле Ацо Стојменов ТП Струмица.

Преземете ја целосната објава на следниот линк: Објава-бр.2-2021-за-продажба-на-движни-ствари-патнички-моторни-возила

 

Проектна Програма за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за КП 4618; КП 4617; дел од КП 4619; КП 4616; КП 4615; дел од КП 4626; и дел од КП 4629 КО СУШИЦА Општина Ново Село

Проектна програма за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за КП 4618; КП 4617; дел од КП 4619; КП 4616; КП 4615; дел од КП 4626; и дел од КП 4629 КО СУШИЦА Општина Ново Село

Преземи: Проектна-Програма-УП-вон-опфат-на-урбанистички-план

Преземи: Решение-за-одобрување-на-Проектна-Програма

 

 

Проектна програма за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за КП 5025/1 и КП 5025/2 КО СУШИЦА Општина Ново Село

Проектна програма за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за КП 5025/1 и КП 5025/2 КО СУШИЦА Општина Ново Село

Преземи: Програма-за-Урбанистички-проект-вон-опфат-на-урбанистички-план-1

Преземи: Решение-за-одобрување-на-Проектната-Програма

 

ПРОЕКТНА ПРОГРАМА за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за куќи за потребите на селски туризам КО КОЛЕШИНО-ВОНГРАД, Општина Ново Село

ПРОЕКТНА ПРОГРАМА-за-Урбанистички-проект-вон-опфат-на-урбанистички-план-за-куќи-за-потребите-на-селски-туризам-за-КО-КОЛЕШИНО-ВОНГРАДОпштина-Ново-Село

РЕШЕНИЕ-за-одобрување-на-Планска-програма

 

Font Resize
Контраст