Постапка за Објава бр.2/2021 арх. бр. 05-751/1 од 01.04.2021 за електронско јавно наддавање за продажба на движни ствари – патнички моторни возила во сопственост на Општина Ново Село
Општина Ново Село, на 02.04.2021 година, објави Оглас за електронско јавно наддавање за продажба на движни ствари – патнички моторни возила во сопственост на Општина Ново Село. Предмет на електронското јавно наддавање беа три патнички моторни возила: 1. Mercedes vito 110 SD, 2. Citroen Berlingo, 3. Citroen C5.
Патничките моторни возила се продаваат во согласност со Одлука за продажба на движни ствари-патнички моторни возила сопственост на Општина Ново Село донесена од Советот на Општина Ново Село бр. 08-2617/1 од 18.11.2019, Одлука за измена и дополна на Одлуката за продажба на движни ствари-патнички моторни возила сопственост на Општина Ново Село бр.08-2617/1 од 18.11.2019 заверена со архивски бр. 08-298/1 од 03.02.2021 година како и Одлука за продажба на движни ствари-патничко моторно возило сопственост на Општина Ново Село бр. 08-1944/1 од 20.10.2020, Одлука за измена и дополна на Одлуката за продажба на движни ствари-патничко моторно возило сопственост на Општина Ново Село бр.08-1944/1 од 20.10.2020 година заверена со архивски бр.-08-299-1-од-03.02.2021.
Цената за продажба на патничките моторни возила е утврдена преку Извештај за процена на вредност на транспортни средства Бр.15-016/19 од 28.10.2019, Бр.09-016/19 од 28.10.2019 и Бр.09-011/20 од 31.08.2020 година изготвена од страна на Трговец поединец за процена, проектирање и вештачење МС СТОП ИНЖЕНЕРИНГ Миле Ацо Стојменов ТП Струмица – овластен судски проценител.
Постапката за продажба на патничките ствари се врши по пат на електронско јавно наддавање преку системот www.e-stvari.mk , каде сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица, кои можат да се стекнат со сопственост на движни ствари на територија на РСМ согласно со закон, можат да поднесат пријава во согласност со условите и потребните документи и да учествуваат на јавното наддавање.
Објавата за јавно наддавање за продажба на патничките моторни возила беа објавени на:
- На 02.04.2021 објавен на www.e-stvari.mk
- На 02.04.2021 година на општинската веб страна: http://www.novoselo.gov.mk/oglasna-tabla/%d0%be%d0%b1%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b0-%d0%b1%d1%80-2-2021-%d0%b7%d0%b0-%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%ba%d1%82%d1%80%d0%be%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%be-%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%be-%d0%bd%d0%b0%d0%b4%d0%b4%d0%b0/
- На 02.04.2021 во дневни изданија на весниците Нова Македонија и Слободен Печат
Рокот за поднесување на пријави за електронско јавно наддавање беше заклучно со 16.04.2021 година.
По истекот на крајниот рок за доставување на пријави, комисијата за спроведување на постапката утврди дека има поднесено само една пријава и тоа за патничкото моторно возило Citroen C5, а за останатите две возила во објавата нема поднесено ниту една пријава.
По административна проверка на документите во пријавата, спроведено е јавно наддавање со електронска аукција. Согласно електронското јавно наддавање на ден 22.04.2021 година, за моторното возило Citroen C5 со статус на најповолен понудувач се стекало физичкото лице Мите Аврамов, ул. 10-ти септември бр. 3 од Ново Село, со највисока постигната цена од 291.200,00 денари, кој и всушност беше единствен понудувач.
Во прилог е прикачено досието од постапката.
Објава бр. 2/2021
Објава-во-весник-Слободен-Печат
Објава-во-весник-Нова-Македонија
Извештај-од-спроведена-постапка
Извештај-за-процена-на-вредност-на-транспортно-средство-citroen-c5
Извештај-за-процена-на-вредност-на-транспортно-средство-citroen-berlingo
Извештај-за-процена-на-вредност-на-транспортно-средство-mercedes-vito