Month: <span>јули 2020</span>

Второ прскање против возрасни комарци по земјен пат на територијата на Југоисточниот плански регион

Се известуваат сите граѓани од Југоисточниот плански регион дека второто прскање против возрасни комарци ќе се изврши на 22 и 23 Јули 2020 година, со следниот распоред:

1.    На 22.07.2020 година (среда), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Конче, Радовиш, Струмица и Василево и

2.    На 23.07.2020 година (четврток), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Ново Село, Босилово, Валандово, Богданци и Дојран.

За прскањето во општина Гевгелија, граѓаните на општина Гевгелија ќе бидат дополнително известени.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот период.

Започнува реализирањето на проектот „Доградба на фекалниот канализационен систем во Ново Село“

Почитувани,

Ве известуваме дека градежните активности на долгоочекуваниот проект „Доградба на фекален канализационен систем во Ново Село“ се веќе во тек. По спроведените тендерски постапки од страна на Министерството за транспорт и врски и потпишувањето на договорите за изведба на градежни активности, избраниот економски оператор “Друштво за градежништво и трговија ЖИКОЛ ДООЕЛ експорт импорт Струмица“ е веќе на терен.

Долгогодишниот проблем на Ново Село ќе се решава со вкупната инвестиција која изнесува 43.723.466,00 денари со вклучен ДДВ, а финансиските средства се обезбедени од страна на Министерството за транспорт и врски. Рок за изведба на градежните активности е 14 месеци.

Досега, Општина Ново Село со сопствени средства финансираше одредени краци на фекално канализациониот систем во Ново Село, меѓутоа, со овој проект ќе се овозможи целосна мрежна покриеност каде сите домаќинства и институции во Ново Село ќе имаат можност да се приклучат и да ги користат овие услуги.

Изградбата на фекален канализационен систем во Ново Село како основна инфраструктура на современото општество и приоритетен проект ќе има позитивно влијание врз квалитетот на животот на локалното население и ќе креира услови за економски развој.

Погледнете видео обраќање за проектот на Градоначалникот Никола Андонов на следната веб врска: https://www.youtube.com/watch?v=RNl7Y4favnw

 

Font Resize
Контраст