Огласи

Решение за Проектна програма за изработка на УП за колектор и ПСОВ во населено место Ново Село, Општина Ново Село

ОПШТИНА НОВО СЕЛО

ГРАДОНАЧАЛНИК

БР.10-2739/3

Од 30.12.2021год.

Ново Село

 

     Градоначалникот на Општина Ново Село, решавајќи по барањето на Друштво за урбанизам,проектирање,трговија и инженеринг ПЛАНЕРИС ДООЕЛ Куманово, поднесено под број 10-2739/1 од 22.12.2021 година, за одобрување на проектна програма, врз основа на член 44  од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.32/2020), го издава следното:

РЕШЕНИЕ

      Се одобрува Проектна  програма за изработка на урбанистички проект вон опфат за инфраструктура за продолжување на колектор ND315mm до колектор со дијаметар 400mm и пречистителна станица за отпадни води во населено место Ново Село,општина Ново Село,со технички број 54/21 од декември 2021година изработена од Друштво за урбанизам,проектирање,трговија и инженеринг ПЛАНЕРИС ДООЕЛ Куманово за изработка на урбанистички проект вон опфат за инфраструктура за продолжување на колектор ND315mm до колектор со дијаметар 400mm и пречистителна станица за отпадни води во населено место Ново Село,општина Ново Село.

 ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

     Барателот Друштво за урбанизам,проектирање,трговија и инженеринг ПЛАНЕРИС ДООЕЛ Куманово, поднесе барање за одобрување на Проектна програма,со технички број 54/21од декември 2021 година изработена од Друштво за урбанизам,проектирање,трговија и инженеринг ПЛАНЕРИС ДООЕЛ Куманово за изработка на  проектна програма за изработка на урбанистички проект вон опфат за инфраструктура за продолжување на колектор ND315mm до колектор со дијаметар 400mm и пречистителна станица за отпадни води во населено место Ново Село,општина Ново Село

Со барањето ја приложи следната документација и докази:

  1. Проектна програма
  2. Барање

Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на општина Ново Село, со Решение бр. 09-2137/3 од 17.10.2019, по проучувањето на приложената документација со барањето и извршениот увид, констатира дека барањето е основано и Проектната програма може да се одобри. Истото го потврди со Предлог одобрување со бр. 10-2739/2  од 30.12.2021 година.

Градоначалникот на општината Ново Село по извршениот увид на приложената документација со барањето и предлогот од Комисијата за урбанизам констатира дека барањето е основано и се исполнети условите од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.32/2020год). Врз основа на тоа, а согласно член 44 од Законот за просторно и урбанистичко планирање донесе решение како во диспозитивот.

                ПРАВНА ПОУКА

                Против ова Решение,барателот може да изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на одобранието до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

                                                                                                    ОПШТИНА НОВО СЕЛО

                                                                                                        ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                                          Ѓорѓе Божинов

 

 

Соопштение до јавноста во однос на УП Сушица

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ОПШТИНА  НОВО СЕЛО

Градоначалник

Број. 10-2443 /11

13.12.2021 година

   Ново Село

 

   Врз основа на  Законот за  урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.32/20,), од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02),член 28 од Статутот на Општина Ново Село , и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Ново Село за 2021 година со Бр.08-208/3 од 26.01.2021година, од Советот на Општина Ново Село, Градоначалникот на Општина Ново Село го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е  до  Ј А В Н О С Т А

По  Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за пречистителна станица на фекален канализационен систем за с.Сушица и испусен колектор во реципиент ,Општина Ново Село

Опфатот е со површина од 11864,50м2.

Јавниот увид по  Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за пречистителна станица на фекален канализационен систем за с.Сушица и испусен колектор во реципиент ,Општина Ново Село,ќе трае 15(петнаест)  дена, сметано во деновите од 14.12.2021 до 28.12.2021год. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења во електронака форма преку информациски систем е-урбанизам.

 

ОПШТИНА НОВО СЕЛО

Градоначалник,

Ѓорѓе Божинов

Соопштение до јавноста за нов надземен вод 10(20) Kv заедно со нова столбна бетонска трафостаница 10(20) 0,4 Kv „ОТКЛОН ЕКО ЕНЕРЏИ КОСМОС“ на дел од КП 4511, дел од КП 5578 и дел од КП 4505 КО СУШИЦА, Општина Ново Село

 

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ОПШТИНА НОВО СЕЛО

Градоначалник

Број. 10-1917 /8

06.10.2021 година

Ново Село

 

Врз основа на Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.32/20), од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02),член 28 од Статутот на Општина Ново Село, и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Ново Село за 2021 година со Бр.08-208/3 од 26.01.2021година, од Советот на Општина Ново Село, Градоначалникот на Општина Ново Село го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е  до  Ј А В Н О С Т А

По Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план –за нов приклучен надземен вод 10(20) Kv заедно со нова столбна бетонска трафостаница 10(20) 0,4 Kv „ОТКЛОН ЕКО ЕНЕРЏИ КОСМОС“ на дел од КП 4511, дел од КП 5578 и дел од КП 4505 КО СУШИЦА, Општина Ново Село

Опфатот е со површина од 111,52 м2.

Јавниот увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план – за нов приклучен надземен вод 10(20) Kv заедно со нова столбна бетонска трафостаница 10(20) 0,4 Kv „ОТКЛОН ЕКО ЕНЕРЏИ КОСМОС“ на дел од КП 4511,дел од КП 5578 и дел од КП 4505 КО СУШИЦА, Општина Ново Село, ќе трае 15(петнаест) дена, сметано во деновите од 07.10.2021 до 21.10.2021год. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења во електронака форма преку информациски систем е-урбанизам.

ОПШТИНА НОВО СЕЛО

Градоначалникот,

Никола Андонов

Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета по Измена и Дополнување на УП за Село Колешино БЛОК 14, Општина Ново Село

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ОПШТИНА НОВО СЕЛО

Градоначалник

Број  10-838/5                                               

 02.09.2021 година

    Ново Село

Врз основа на член 28 од Законот за локална самоуправа (“Сл.гласник  бр.5/02), и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Ново Село за 2021 година со Одлука бр.08-208/3 од 26.01.2021 година, од Советот на Општина Ново Село, Градоначалникот на Општина Ново Село го дава следното:

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на јавна презентација и јавна анкета по Измена и Дополнување на Урбанистички План за Село Колешино БЛОК 14, Општина Ново Село

Опфатот е со површина од 10250,13м2.

 

             Јавната анкета и јавната презентација по Измена и Дополнување на Урбанистички План за Село Ново Коњарево блок 14,Општина Ново Село  ќе трае 30 (триесет) дена сметано во деновите од 06.09.2021год. до 05.10.2021год. А јавната презентација со стручно презентирање на Измена и Дополнување наУрбанистички План за Село Колешино блок 14,  ке се одржи на ден 22.09.2021г. со почеток од 13 00 часот во просторите на подрачното училиште „Видое Подгорец“ с.Колешино.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења во електронака форма преку информациски систем е-урбанизам или во писмена форма  на анкетните листови.

                       

                                                                                                  ОПШТИНА НОВО СЕЛО

                                                                                                           Градоначалникот,

                                                                                                            Никола Андонов

 Преземете го планот: ПРЕДЛОГ-ПЛАН-КОЛЕШИНО-БЛОК-14

Преземете го соопштението: Соопштение

Решение за одобрување на Проектна програма со тех. бр. 03-99/2021 од мај, 2021 год.

ОПШТИНА НОВО СЕЛО

ГРАДОНАЧАЛНИК

БР.10-1202/3

Од 03.08.2021год.

Ново Село

 

     Градоначалникот на Општина Ново Село, решавајќи по барањето на Друштво за производство,трговија,услуги и инженеринг ИДЕА-КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Струмица., поднесено под број 10-1202/1 од 26.05.2021 година, за одобрување на проектна  програма, врз основа на член 44  од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.32/2020), го издава следното:

РЕШЕНИЕ

      Се одобрува Проектната  програма,со технички број 03-99/2021 од мај 2021година изработена од Друштво за производство,трговија,услуги и инженеринг ИДЕА-КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Струмица.

   ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

     Барателот Друштво за производство,трговија,услуги и инженеринг ИДЕА-КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Струмица, поднесе барање за одобрување на Проектна  програма,со технички број 03-99/21 од мај 2021 година изработена од Друштво за производство,трговија,услуги и инженеринг ИДЕА-КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Струмица за изработка на  Проектна  Програма за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план-за нов приклучен надземен вод 10(20)Kv заедно со нова бетонска трафостаница 10(20)0,4Kv„ОТКЛОН ЕНЕРЏИ КОСМОС„на дел од КП бр.4511,дел од КПбр.5578 и дел од КП бр.4505 КО Сушица,Општина Ново Село.

Со барањето ја приложи следната документација и докази:

  1. Проектна програма
  2. Барање

Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на општина Ново Село, со Решение бр. 09-2137/3 од 17.10.2019 година, по проучувањето на приложената документација со барањето и извршениот увид, констатира дека барањето е основано и Планската програма може да се одобри. Истото го потврди со Предлог одобрување со бр. 10-1202/2  од 30.07.2021 година.

Градоначалникот на општината Ново Село по извршениот увид на приложената документација со барањето и предлогот од Комисијата за урбанизам констатира дека барањето е основано и се исполнети условите од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.32/2020год). Врз основа на тоа, а согласно член 44 од Законот за просторно и урбанистичко планирање донесе решение како во диспозитивот.

            ПРАВНА ПОУКА

            Против ова Решение,барателот може да изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

                                                                                                    ОПШТИНА НОВО СЕЛО

                                                                                                        ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                                        НИКОЛА АНДОНОВ

Преземете го Решението: Решение

О Г Л А С за прием на работник – курир

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (Сл. весник на РМ бр. 5/02), член 22 и 23 од Законот за работните односи , Градоначалникот на Општина Ново село  , објавува:

О Г Л А С

за прием на работник

 

Општина Ново Село   има потреба од вработување на 1 (еден ) извршител на неопределено  време и тоа на:

  1. Прием на 1 ( еден ) извршител за работно место координатор на достава – курир

Кандидатите што ќе се пријават на огласот покрај општите услови предвидени со Законот:

-да е државјанин на Република Северна Македонија;

-активно да го користи македонскиот јазик;

-да е полнолетен;

-да има општа здравствена способнос за работното место;

-со правосилна пресуда да не му е изречена забрана на вршење на професија, дејност или должност; ,

треба да ги исполнуват и следните посебни услови:

2.Кандидатот за  да има завршено  средно образование (гимназиско или средно стручно образование)

Работно искуство:  со и без работно искуство.

Со полно работно време 40 часа неделно од понеделник до петок, со 8 часа дневно од 07:30 до 15:30 часот.

Основна нето плата: 16.146,00 денари.

Огласот е отворен 3 (три) работни дена, од денот на објавувањето, а изборот ќе се изврши во рок од 8 (осум) дена од денот на истекот на поднесување на пријавите.

Пријавите со потребната документација (докази за исполнување на условите)  се поднесуваат на адреса ,,Општина Ново Село , ул. ,,Мануш Турновски,, бр. 13А, Ново Село. (тел.034 355 202)

Некомплетна и ненавремено доставена документација нема да биде предмет на разгледување .

 

Општина Ново Село

Градоначалник,

Никола  Андонов с.р.

 

 

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС бр. 01/21 за унапредување на административни службеници

Врз основа на член 48 член 49  од Законот за административни службеници („Сл. весник на Република Македонија  бр. 27/14, бр. 199/14, бр. 48/15, бр. 154/15, бр. 5/16, бр.142/16, бр.11/18 и Службен весник на Република Северна Македонија  бр. 275/19 и бр.14/20) и Правилникот за систематизација на работни места на Општина Ново Село бр. _______________ од 22. 06. 2021 година

 

ИНТЕРЕН  ОГЛАС бр. 01/21

     за унапредување на административни службеници

 

  1. Се објавува Интерен оглас за унапредување на административни службеници за следните работни места :

 

  1. УПР0101B01000 Советник за паркови и зеленило , Одделение за комунални работи, 1 (еден ) извршител.

 

Општи услови:

-да е државјанин на Република Македонија

-активно да го користи македонскиот јазик

-да е полнолетен

-да има општа здравствена состојба за работното место и

-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност

 

Посебни услови

  • за нивото В1 ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Шумарство и хортикултура или Преработка на дрво
  •  работно искуство во струката најмалку три години

 

Посебни работни компетенции

  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

 

Распоред на работно време:

-работни часови во неделата:40

-работно време: од 08:00 до 16:00 часот

-работни денови од понеделник до петок

-паричен нето  износ на плата 26.329,00 денари

 

 

  1. УПР0101B01000 Советник за правни прашања од областа на урбанизмот , Одделение за урбанизам, градење и заштита на животната средина, 1 (еден ) извршител.

 

Општи услови:

-да е државјанин на Република Македонија

-активно да го користи македонскиот јазик

-да е полнолетен

-да има општа здравствена состојба за работното место и

-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност

 

Посебни услови

  • за нивото В1 ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки
  •  работно искуство во струката најмалку три години

 

Посебни работни компетенции

  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

 

Распоред на работно време:

-работни часови во неделата:40

-работно време: од 08:00 до 16:00 часот

-работни денови од понеделник до петок

-паричен нето  износ на плата 26.329,00 денари

 

 

  1. УПР0101B01000 Советник за заштита на животната средина , Одделение за урбанизам, градење и заштита на животната средина, 1 (еден ) извршител.

 

Општи услови:

-да е државјанин на Република Македонија

-активно да го користи македонскиот јазик

-да е полнолетен

-да има општа здравствена состојба за работното место и

-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност

 

Посебни услови

  • за нивото В1 ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Животна средина или растително производство
  •  работно искуство во струката најмалку три години

 

Посебни работни компетенции

  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

 

Распоред на работно време:

-работни часови во неделата:40

-работно време: од 08:00 до 16:00 часот

-работни денови од понеделник до петок

-паричен нето  износ на плата 26.329,00 денари

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во општина Ново Село, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво во Законот за административни службеници  и актот за систематизација, при ова административниот службеник треба да ги усполнува и следните услови:

  • да е оценет со оцена „А” или „Б“ при последното оценување,
  • да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас.
  • да поминал најмалку две години на тековното работно место и
  • да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
  1. Заинтересираниот административен службеник, поднесува пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата  до архивата   oпштина  Ново Село ул.Мануш Турновски бр.14А-Ново Село,  освен во хартиена форма,  може да биде испратена и електронски на офицјалната е-маил адреса  (gradonacalnik@novoselo.gov.mk).

 

  1. Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавувањето на интерниот оглас на web страната на институцијата.

 

  1. Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови можат да ги приложат и следните  докази:

-потврда за успешно реализирани обуки и/или

-потврда за успешно реализирано менторство

 

  1. Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека доставените податоци и докази се лажни ќе биде дисквалификуван од понатамошната постапка по огласот.

 

 

 

_________2021година                                                                                       Општина Ново  Село

                                                                                                                          Градоначалник,

                                                                                                                            Никола Андонов

 

Превземете го Огласот и Пријавата за унапреување на административен службеник преку ИНТЕРЕН оглас на слената врска: Интерен Оглас и Пријава

Датум на објавување: 30.07.2021

Font Resize
Контраст