Month: <span>јануари 2020</span>

Започна изградбата на водоснабдителниот систем во Сушица

Започна изведбата на долго очекуваниот водоводен систем во Сушица.

Како што беше претходно споменато, изведбата на водоводниот систем ќе биде финансирано преку средства обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделстовото и руралниот развој преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и Буџетот на Општина Ново Село. Проектот е финансиран од Мерка 321 „Развој на јавна инфраструктура во рурални средини“, под мерка 3. „Инвестиции во водоснабдителни и канализациони системи во населени места во рурални средини“.

Вкупната инвестиција на проектот е во вредност од 22.318.475 денари со ДДВ.

 

Информации за новопоставените агрометеоролошки станици

На ден 10.01.2020 година, со почеток од 13:30 часот, во салата за состаноци во административната зграда на Општина Ново Село се одржа информативен ден за новопоставените агрометеоролошки станици во југоисточниот плански регион. Информативниот ден е дел од активностите на проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“, кој е финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка, а го спроведува Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во партнерство со сите десет (10) општини во регионот. На територијата на Општина Ново Село се поставени две (2) такви станици, од кои едната е во Борисово а другата во Зубово. Целта на овој проект е да се овозможи брз и современ начин за добивање на потребните податоци со цел да се извршуваат соодветни мерки за управување со земјоделските култури, а истовремено и заштита на животната средина преку намалување на процентот на третирање на почвата.

Информациите кои произлегуваат од поставените станици се бесплатно достапни за сите. Достапните информации се однесуваат на влажност и температура на воздух, правец и брзина на ветер, сончева радијација, влажност и температура на почва, влажност на лист и прогноза на болести. Прогноза на можни болести и штетници на одредени култури се овозможени преку метео станиците од каде може да се добијат навремени информации за почетокот, траењето и интензитетот на појавата на поединечни болести или штетници за секоја култура посебно.

Измерените податоци од станиците може да се добијат преку користење на мобилна апликација која е достапна за сите паметни мобилни телефони (Android и iOS), таблет или компјутер кои имаат пристап до Интернет или преку пристап до веб станицата www.agrojug.mk

 

Font Resize
Контраст