Month: <span>септември 2017</span>

Референдум

Општинската изборна комисија Ново Село објавува
 Ј А В Е Н  П О В И К  за одржување на референдум на локално ниво на ден  17.09.2017 година (недела)

 

 Советот на Општина Ново Село донесе Одлука бр. 08-1807/5 од 14.08.2017 година  за распишување на референдум на локално ниво. На референдумот на локалнио ниво граѓаните на Општина Ново Село  можат  да се произнесат по две прашања и тоа:

Прашање  1 :  Дали сте „ЗА“  или „ПРОТИВ“ отворање на рудникот за бакар и злато „Иловица“ и

 Прашање 2 : Дали сте „ЗА“  или „ПРОТИВ“ отворање на рудници и  рударски комплекси за металични минерални суровини на територијата на Општина Ново Село

Референдумот на локално ниво ќе се оджи на ден 17.09.2017 година (недела) а гласањето ќе се спроведе во период од 07:00 до 19:00 часот. Право на гласање на референдумот имаат граѓаните кои имаат избирачко право и се запишани во Избирачкиот список и се изјаснуваат со непосредно и тајно гласање.

За секое прашање се гласа на посебно гласачко лисче и тоа:

Гласачко ливче за прашање 1:  Дали сте „ЗА“  или „ПРОТИВ“  отворање на рудникот за бакар и злато „Иловица“ и

 Гласачко ливче за прашање 2: Дали сте „ЗА“  или „ПРОТИВ“ отворање на рудници и рударски комплекси за металични минерални суровини на територијата на Општина Ново Село

 Гласачот го заокружува одговорот  „ЗА“  или „ПРОТИВ“  на секое посебно гласачко ливче. За важечко гласачко ливче се смета доколку е заокружен само едниот одговор од гласачкото ливче. За важечко гласачко ливче се смета и она гласачко ливче од кое на сигурен и недвосмслен начин може да се утврди за кој одговор гласачот гласал.

Гласачкото ливче е неважечко ако не е пополнето или има заокружено повеќе одговори.

Гласачот може да гласа само со важечка лична карта или патна исправа.

Гласањето ќе се изведе на постоечките гласачки места освен за гласачките места 1780 Стиник и 1781 Барбарево кои се преместени во просториите на ООУ Мануш Турновски во Ново Село.

OПШТИНСКА ИЗБОРНА КОМИСИЈА НОВО СЕЛО

Font Resize
Контраст