Month: <span>јануари 2021</span>

Обезбедени 660.000 евра за изградба на канализационен систем во Сушица

Наскоро ќе започне изградбата на фекален канализационен систем во Сушица, Општина Ново Село. Средствата се одобрени од Влада на Република Северна Македонија и ќе бидат спроведени преку Кабинет на Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции преку ТАВ Македонија ДООЕЛ.

Во моментот се работи на припремни работи и избор на економски оператор кој ќе ги обавува градежните активности.

Со овој проект ќе се овозможи целосна мрежна покриеност каде сите домаќинства и институции во Сушица ќе имаат можност да се приклучат и да ги користат овие услуги.

Изградбата на фекален канализационен систем во Сушица, покрај изградбата на водоводната мрежа, како основна инфраструктура на современото општество и приоритетен проект ќе има позитивно влијание врз квалитетот на животот на локалното население и ќе креира услови за економски развој.

Општина Ново Село се залага за изнаоѓање на финансиски средства за спроведување на инфраструктурни проекти и во останатите населени места за водоводи и канализации, и очекуваме позитивни одговори во текот на наредните неколку месеци.

Font Resize
Контраст