Асфалтирање на локален пат Зубово – спој со пат Ново Село – Мокриево
Асфалтирање на локален пат Зубово – спој со пат Ново Село – Мокриево
Денес, 27.04.2021 година, започна поставување на асфалтен слој на локален пат Зубово – спој со пат Ново Село – Мокриево. Асфалтирањето ќе се одвива во текот на целиот ден и во текот на утрешниот ден (Среда, 28.04.21). По асфалтирањето преостанува изработка на банкини и завршни активности до комплетирање на проектот.
Асфалтирањето е дел од активностите на проектот „Изградба на локален пат Зубово – спој со пат Ново Село – Мокриево“, проектот кој се реализира од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во партнерство со Општина Ново Село.
Проектот е финансиран преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и од Буџетот на Општина Ново Село.
Вкупната финансиска конструкција на проектот изнесува 4.709.732,82 денари со вклучен ДДВ, од кои 3.991.299,00 денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, а 718.433,82 денари се обезбедени од Буџетот на Општина Ново Село.