Month: <span>јуни 2019</span>

Прво прскање против комарци

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со осумте општини од регионот организира авио-третирање против комарци. Предвидени се две прскања на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 7542 ха.

Се известуваат граѓаните на општините Богданци, Валандово и Дојран дека првото прскање е планирано да се изврши на 27.06.2019 година – четврток, во раните утрински часови, односно во период од 04:30 до 09:30 часот.

За граѓаните од општините Струмица, Василево, Босилово, Ново Село и Конче планирано е првото прскање да се изврши на 28.06.2019 година – петок,  во истиот период, односно од 04:30 до 09:30 часот.

Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе  на 28.06.2019 за општините Богданци, Валандово и Дојран, односно на 29.06.2019 година за општините Струмица, Василево, Босилово, Ново Село и Конче во истиот временски период.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да  ги затворат истите во најавениот временски период.

Font Resize
Контраст