Month: <span>јули 2019</span>

Второ прскање против комарци Јули, 2019 година

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со осумте општини од регионот организира авио-третирање против комарци. Предвидени се две прскања на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 7542 ха.

Се известуваат граѓаните на општините Богданци, Валандово и Дојран дека второто прскање е планирано да се изврши на 23.07.2019 година во раните утрински часови, односно во период од 04:30 до 09:30 часот. За граѓаните од општините Струмица, Василево, Босилово, Ново Село и Конче планирано е второто прскање да се изврши на 24.07.2019 година  во истиот период. Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе  на 24.07.2019 за горенаведените општини Богданци, Валандово и Дојран, додека за општините Струмица, Василево, Босилово, Ново Село и Конче ќе биде на 25.07.2019 година.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да  ги затворат истите во најавениот временски период.

Преземи-информација-за-прскањето

Font Resize
Контраст