Огласна Табла

Решение – Предлог Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на Мотокрос патека во с.Мокриево

Решение – Предлог Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на Мотокрос патека во с.Мокриево

Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на Мотокрос патека во с.Мокриево

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 2/23 за вработување на работник на неопределено работно време во општина Ново Село

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (Сл. весник на РМ бр.5/02), член  22 од Законот за работните односи и член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор, Градоначалникот на општина Ново  Село  објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 2/23

  за вработување на работник  на неопределено работно  време во општина Ново Село

 

Општина Ново Село има потреба од вработување на 1 (еден) работник на неопределено  работно време  за следното работно место:

 

  1. УПР0405А02003- Домаќин -1 (еден ) извршител, во Одделението за правни, општи работи, јавни дејности и управување со човечки ресурси

 

Општи услови за работното  место:

-да е државјанин на РСМ

-да е полнолетен

-да има општа здравствена состојба за работното место

-активно да го користи македонскиот јазик

– со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност

 

Посебни услови за работното место :

–  средно  образование (гимназиско или стручно )

– со или без работно искуство во струката.

 

Работното време е од понеделник до петок, 8 работни часови од 7:30 до 15:30, 40 часа неделно , а основната нето плата изнесува  22.949,00 денари.

 

Согласно балансерот од Годишниот план за вработување  во Ошѓтина Ново Село  за 2023 година , извршителот треба да бидат Македонец (ка).

 

Кандидатите за горенаведеното работно место  покрај пријава (која можат да ја испечатат од  веб страницата на Општина Ново Село )  се должни да достават  и соодветни докази  во оргинал или  копија заверена на нотар во однос на општите и посебните услови  и тоа:

-кратка биографија –CV

-уверение за државјанство

-лекарско уверение

-диплома за завршено  средно  образование

-доказ за работно искуство од АВРМ

 

Бараните документи да се достават хартиено  во архивата на Општина Ново Село  на адреса  ул. ,,Мануш Турновски,, бр. 13 а -Ново Село.

Огласот трае 5 (пет) работни дена  од денот на објавувањето , а изборот на кандидатот  ќе се изврши   во рок од 15 дена по истекот на рокот за пријавување.

Ненавремени и некомплетни документи нема да се разгледуваат.

Тел.  за контакт 034 355-202.

 

Општина Ново Село

Градоначалник,

Божинов  Ѓорѓе

 

ОГЛАС-бр.2/23 за вработување на работник на неопределено време во општина Ново Село

ПРИЈАВА

 

Font Resize
Контраст