Добредојдовте на официјалната web страна на Општина Ново Село преку која сакаме да ви ја претставиме нашата општина со сите нејзини особености кои ја прават нашата средина поразлична од другите. Плодната почва, благата умерена клима, изобилието од води, уште од најстаро време па се до денес им овозможува на вредните луѓе од овој крај поволни услови за бериќет. Во подножјето на Беласица се сместени една долга низа населени места, наредени во насока од запад кон исток: Колешино, Борисово, Мокриево, Мокрино, Смоларе, Дражево и Старо Коњарево, подгорски предел кој е богат со планински изворски води, костенови и ореови шуми и воопшто со богата вегетација. Посетата на овие населени места не ги остава рамнодушни посетителите особено оние кои ја виделе прекрасната природна убавина на Смоларските водопади, Мокринските извори и Колешинските водопади. Во расклоненијата на планината Огражден во непосредна близина на македонско-бугарската граница се распостелени четири мали планински села: Бајково, Бадилен, Барбарево и Стиник кои привлекуваат со својата недопрена природна убавина на пространите ливади и пасишта. Одејќи од Струмица кон Ново Село ќе ги поминете населените места Сушица и Зубово а поминувајќи го Ново Село и населеното место Ново Коњарево кои изобилуваат со сточарски капацитети. Ново Село, кое уште од минатото имаше полуградски изглед, карактер на македонска паланка, денес е една модерна урбана средина која привлекува со мноштвото културни содржини преку кои се негуваат традиционалните македонски обичаи почнувајќи од Ѓурѓовденските средби па до најсовремени драмски, ликовни и музички проекти во духот на новото време. Вредностите на нашето родно место создадени од нашите предци во минатото, ги чуваме и негуваме, трудејќи се да додадеме наши нови белези по кои ќе не паметат нашите идни поколенија, и се надеваме дека така ќе биде и во иднина.
Вас пријатели, Ве покануваме да не посетите и сигурен сум дека нема да се покаете.
Блажо Велков Градоначалник на Општина Ново Село
|
Амбасадорот на САД во Р.М. Пол Волерс во Ново Село
ИНФОРМАЦИЈАИнформација за извештајот за стратегиска оценка на животната средина на нацрт урбанистичкиот план за село Ново Село - општина Ново Село Караванот на УСАИД за климатски промени започна од Ново СелоКараванот на УСАИД за климатски промени започна од Ново Село http://mk.ruralnet.mk/usaid-nastani/%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D0%BA%D0%BB%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B5/ Ѓурѓовденски средби 2013 година
Одбележан Светскиот ден на планетата ЗемјаУчениците и вработените во О.У,,Мануш Турновски,, во соработка со општина Ново Село, го одбележаа Светскиот ден на планетата Земја, како дел од акциите за еко-училишта, кои развиваат акции со цел создавање поодржлив свет, односно подобрување и заштитување на животната средина. |



Почитувани пријатели,




