продажба на движни ствари

Објава бр.2/2021 за електронско јавно наддавање за продажба на движни ствари – патнички моторни возила во сопственост на Општина Ново Село

ОБЈАВА бр. 2/2021

За електронско јавно наддавање

За продажба на движни ствари – патнички моторни возила во сопственост на Општина Ново Село

(Прв пат)

 

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронско јавно наддавање е продажба на движни ствари – патнички моторни возила сопственост на Општина Ново Село, кои се продаваат согласно Одлука за продажба на движни ствари-патнички моторни возила сопственост на Општина Ново Село донесена од Советот на Општина Ново Село Бр.08-2617/1 од 18.11.2019, Одлука за измена и дополна на Одлуката за продажба на движни ствари-патнички моторни возила сопственост на Општина Ново Село бр.08-2617/1 од 18.11.2019 заверена со архивски број 08-298/1 од 03.02.2021 година како и Одлука за продажба на движни ствари-патничко моторно возило сопственост на Општина Ново Село Бр.08-1944/1 од 20.10.2020, Одлука за измена и дополна на Одлуката за продажба на движни ствари-патничко моторно возило сопственост на Општина Ново Село бр.08-1944/1 од 20.10.2020 година заверена со архивски број 08-299/1 од 03.02.2021година, Извештај за процена на вредност на транспортни средства Бр.15-016/19 од 28.10.2019, Бр.09-016/19 од 28.10.2019 и  Бр.09-011/20 од 31.08.2020 година изготвена од страна на Трговец поединец за процена, проектирање и вештачење МС СТОП ИНЖЕНЕРИНГ Миле Ацо Стојменов ТП Струмица.

Преземете ја целосната објава на следниот линк: Објава-бр.2-2021-за-продажба-на-движни-ствари-патнички-моторни-возила

 

Font Resize
Контраст