Ново Коњарево

Ново Коњарево има 934 жители и е 4-то поголемина во општина Ново Село.

Ново Коњарево се наоѓа во низински предел, на само 1 км од граничниот премин Ново Село, на надморска височина од 200 метри. Селото е основано во 1931 година од 15 семејства, српски колонисти, и првин се викало Белите Кашти (Белите Куќи). Во 1941 година овие семејства биле протерани од српските војски. По војната во 1945 година, селото го населиле жителите на Бадилен. Според името на соседното село Коњарево, оваа населба ќе го добие името Ново Коњарево. Во близина на селото има споменик наречен „Апостолски премин“, изграден во чест на битката од 1943 година помеѓу окупаторската и македонската војска, предводена од генералот Михаило Апостолски. Ново Коњарево денес има модерен изглед со многубројни продавници, убави куќи, а тука е и подрачното основно четиригодишно училиште „Мануш Турновски“. Селото има две цркви: едната е „Св. Илија“ осветена во 1973 година, а втората „Св. Климент“, осветена 2003 година. Според пописот од 2002 година, во селото живеат 934 жители, наспроти оние 1190 од пописот во 1991 година. Ваквото драстично намалување се должи на иселувањето на месното население во западноевропските земји.

 

Font Resize
Контраст