Автор: admin

Времен режим на сообраќај 29-30.11.2019

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани,

Ве известуваме за времен режим на сообраќај

Во период  29.11.2019 – 30.11.2019 година (Петок и Сабота) поради градежни активности во с.Ново Село на магистралниот пат А4, на раскрсница со ул. Гоце Делчев ќе има пренасочување на сообраќајот. Имено, сообраќајот ќе се пренасочува на возилата кои се движат на правец Струмица – Ново Село – Граничен премин Ново Село и обратно. Сообраќајот ќе се пренасочува на влезот во Ново Село на кривина кај монополот/Маркетпромет Електрик кон улица Јане Сандански, покрај поранешната ветеринарна станица кон улица Китка па се до локален пат Ново Село-Мокриево (Сточен пазар Ново Село) каде може да свртат лево кон н.м.Ново Село по улица Гоце Делчев се до улица Кирил и Методиј каде повторно можат да се вклучат на магистрален пат А4.  За возилата кои се движат на правец Граничен премин Ново Село – Ново Село – Струмица следете ги насоките во обратен правец.

Во прилог сообраќајна шема.

Буџет за 2019 година

Приходи-на-Буџетот-на-Општина-Ново-Село-за-2019-година

Расходи-на-Буџетот-на-Општина-Ново-Село-за-2019-година-по-програми

Приходи-на-ребалансот-на-Општина-Ново-Село-2019

Расходи-на-ребалансот-на-Оштина-Ново-Село-за-2019-година

Фискална-табела-Буџет-за-2019

Фискална-табела-Буџет-за-2019-за-ребаланс

К1-Извршување-на-Буџетот-на-Општина-Ново-Село-до-30.03.2019

К2-Извршување-на-Буџетот-на-Општина-Ново-Село-до-30.06.2019

К3-Извршување-на-Буџетот-на-Општина-Ново-Село-30.09.2019

 

Соопштение за Служба 24/7

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат граѓаните на Општина Ново Село дека од 14.10.2019 година (Понеделник) ќе почне да фунционира службата 24/7. Граѓаните ќе можат да се јават на телефонсиот број 078/367-568 и истиот ќе биде достапен нон-стоп. Граѓаните ќе можат да пријавуваат проблемите од областа на комуналната сфера, да пријавуваат дивоградби, проблеми со уличното осветлување и сл.

Посебно ги охрабруваме граѓаните да ги пријавуваат прекршителите на Законот за јавна чистота односно оние кои фрлаат ѓубре покрај патиштата, дивите депонии или на било која јавна површина.

Второ прскање против комарци Јули, 2019 година

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со осумте општини од регионот организира авио-третирање против комарци. Предвидени се две прскања на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 7542 ха.

Се известуваат граѓаните на општините Богданци, Валандово и Дојран дека второто прскање е планирано да се изврши на 23.07.2019 година во раните утрински часови, односно во период од 04:30 до 09:30 часот. За граѓаните од општините Струмица, Василево, Босилово, Ново Село и Конче планирано е второто прскање да се изврши на 24.07.2019 година  во истиот период. Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе  на 24.07.2019 за горенаведените општини Богданци, Валандово и Дојран, додека за општините Струмица, Василево, Босилово, Ново Село и Конче ќе биде на 25.07.2019 година.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да  ги затворат истите во најавениот временски период.

Преземи-информација-за-прскањето

Font Resize
Контраст