Автор: admin

Акцијата „Канта за отпад за секое домакинство“ на Општина Ново Село продолжува

Почитувани,

Општина Ново Село продолжува со акцијата „Канта за отпад за секое домакинство“. За таа цел општината преку грант од проектот „Проект за подобрување на општинските услуги“ (MSIP) спроведуван од Министерството за финансии на РСМ а финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) набави 2039 надворешни пластични канти. Општина Ново Село во соработка со ЈПКД „Комуна“ Ново Село во наредниот период ќе ги посетуваат сите населени места и ќе ги доделуваат кантите, за оние кои немаат склучено договор со ЈПКД „Комуна“ –Ново Село веднаш ќе склучуваат и договори.

Проектот се спроведува како дел од активностите на Општина Ново Село да ги ублажи последиците и да го намали загадувањето на територијата на општината. За таа цел, се известуваат сите граѓани дека фрлањето отпад на јавни површини, диви депонии итн. е строго забрането, и секое прекршување најстрого ќе се казнува.

За распоредот на распределба на кантите во секое населено место ќе бидете дополнително информирани.

Одобрени средства за Доизградба на фекално канализационен систем во Ново Село

На Шестата Седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 4 февруари 2020 година, се разгледуваше „Точка 43: Информација за отпочнување со реализација на проектот: Доградба на фекален канализационен систем за Ново Село, Општина Ново Село“.

Владата ја разгледа Информацијата и даде согласност за обезбедување средства во висина од 55 милиони денари со ДДВ за реализирање на проектот односно изградба на фекален канализационен систем во Ново Село. Во наредните месеци ќе биде спроведена тендерска постапка за избор на најповолен понудувач за изведување на градежните активности, а тендерската постапка ќе биде објавена и водена од страна на Министерството за транспорт и врски.

Со овие средства ќе се овозможи целосна мрежна покриеност на Ново Село со фекален канализационен систем каде сите домаќинства и институции во Ново Село ќе имаат можност да се приклучат и да ги користат овие услуги.

Буџет за 2020 година

Биланс на капитални расходи – потставка

Биланс на приходи – потставка

Биланс на приходи на ставка

Биланс на расходи на потставка

Биланс на тековно-оперативни расходи

Биланс на тековно-оперативни расходи – потставка

Биланс расходи ставка

Функционални расходи по програми

Втор посебен дел

Втор посебен дел потставка

 

Започна изградбата на водоснабдителниот систем во Сушица

Започна изведбата на долго очекуваниот водоводен систем во Сушица.

Како што беше претходно споменато, изведбата на водоводниот систем ќе биде финансирано преку средства обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделстовото и руралниот развој преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и Буџетот на Општина Ново Село. Проектот е финансиран од Мерка 321 „Развој на јавна инфраструктура во рурални средини“, под мерка 3. „Инвестиции во водоснабдителни и канализациони системи во населени места во рурални средини“.

Вкупната инвестиција на проектот е во вредност од 22.318.475 денари со ДДВ.

 

Информации за новопоставените агрометеоролошки станици

На ден 10.01.2020 година, со почеток од 13:30 часот, во салата за состаноци во административната зграда на Општина Ново Село се одржа информативен ден за новопоставените агрометеоролошки станици во југоисточниот плански регион. Информативниот ден е дел од активностите на проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“, кој е финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка, а го спроведува Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во партнерство со сите десет (10) општини во регионот. На територијата на Општина Ново Село се поставени две (2) такви станици, од кои едната е во Борисово а другата во Зубово. Целта на овој проект е да се овозможи брз и современ начин за добивање на потребните податоци со цел да се извршуваат соодветни мерки за управување со земјоделските култури, а истовремено и заштита на животната средина преку намалување на процентот на третирање на почвата.

Информациите кои произлегуваат од поставените станици се бесплатно достапни за сите. Достапните информации се однесуваат на влажност и температура на воздух, правец и брзина на ветер, сончева радијација, влажност и температура на почва, влажност на лист и прогноза на болести. Прогноза на можни болести и штетници на одредени култури се овозможени преку метео станиците од каде може да се добијат навремени информации за почетокот, траењето и интензитетот на појавата на поединечни болести или штетници за секоја култура посебно.

Измерените податоци од станиците може да се добијат преку користење на мобилна апликација која е достапна за сите паметни мобилни телефони (Android и iOS), таблет или компјутер кои имаат пристап до Интернет или преку пристап до веб станицата www.agrojug.mk

 

Информативен ден за новопоставени Агрометеоролошки станици

Почитувани,

Во рамките на проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“ Центарот за развој на Југоисточниот плански регион организира информативни денови за користење на нови методи во земјоделството и подигање на свеста на земјоделските производители за прекумерното третирање на почвата.

Информативен ден:
Општина Ново Село
Датум: 10.01.2020 (петок)
Време: 13:30 часот
Место: Во просториите на Општина Ново Село

Во рамките на проектот поставени се 23 Агрометеоролошки станици во сите општини од Југоисточниот регион кои ќе овозможат брз и современ начин за добивање на потребните податоци со цел да се извршуваат соодветни мерки за управување со земјоделските култури, а истовремено и заштита на животната средина преку намалување на процентот на третирање на почвата.
Се повикуваат сите земјоделски производители и заинтересирани страни да земат учество на информативните денови и да се информираат за начинот на добивање на бесплатни временски информации (влажност и температура на воздух, правец и брзина на ветер, сончева радијација, влажност и температура на почва, влажност на лист и прогноза на болести).

На територијата на Општина Ново Село ќе бидат поставени две (2) агрометеоролошки станици. Информативниот ден е отворен за сите заинтересирани граѓани на Општина Ново Село. На информативниот ден, граѓаните ќе можат да се запознаат со можностите и придобивките од овие станици и како тие и нивните информации ќе бидат споделувани и ќе бидат достапни за сите граѓани во општината.

Проектот го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка.

Award Notice for Ref.No. CN1-SO1.2-SC024-PB3-TD01

The Municipality of Novo Selo has awarded a Contract under the Simplified Tendering Procedure “Services for Project Management” with Ref. No. CN-SO1.2-SC024-PB3-TD01. 

1. Contract No.  05-2300/15
2. Contract Value  7,200.00
3. Date of Award of

Contract

09.12.2019
4. Successful

Contractor

Accounting, trading and

services company MFD DOOEL uvoz-izvoz

Skopje

Blvr. Srbija no.9

1000, Skopje

Republic of North Macedonia

 

5. Contracting

Authority 

Municipality of Novo Selo

str. Manush Turnovski no. 13A,

2434, Novo Selo

Republic of North Macedonia

Font Resize
Контраст