Category: <span>Вести</span>

Општина Ново Село се приклучува на кампањата „Општина на дланка“

Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина на дланка“, иницијатива која има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа преку подобрена употреба на општинските веб-страници.

Кампањата е подготвена  од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка со Министерството за локална самоуправа. Нашата општина активно соработува со овој проект со цел:

  • Подобрување на управувањето со општинските јавни финансии;
  • Поефикасно планирање и извршување на буџетот;
  • Зголемување на фискалната транспарентност и отчетност;
  • Унапредување на прибирањето приходи од сопствени извори;
  • Поголем пристап до надворешни извори на финансирање;
  • Создавање услови за вклучување на приватниот сектор.

Целта на кампањата „Општина на дланка“ е да ги информира граѓаните и бизнисите за нивните права и обврски, како и да им обезбеди полесен пристап до општинските услуги.

Во рамките на кампањата, редовно ќе ги ажурираме нашите комуникациски канали со нови информации во надлежност на општината кои ќе ги поттикнат граѓаните да учествуваат во процесите на одлучување и да бидат активно информирани за функционирањето на општината.

Ги покануваме сите граѓани и заинтересирани страни да се приклучат на оваа иницијатива и да ја поддржат кампањата, која ќе ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа.

Посетете ја веб-страницата на општината, пребарајте и добијте ги потребните информации.

Вклучете се во креирање на транспарентна  општина.

Дознајте повеќе за:

28 години – Општина Ново Село

По повод денот на општината 12.12, на Свечената седница на Советот на општина Ново Село, за искрено залагање и вложување труд и љубов за општина Ново Село беа доделени следните признанија:

Плакета на Мартина Ѓорѓиева ООУ “Видое Подгорец” -Колешино
За освоена ГРАН ПРИ НАГРАДА на литературен конкурс по повод Денот на
Општината на тема “Од срце за Општина Ново Село”.

Диплома на Мирче Делев ООУ “Видое Подгорец” -Колешино
За освоена ПРВА НАГРАДА на литературен конкурс по повод Денот на
Општината на тема “Од срце за Општина Ново Село”.

Диплома на Љубица Бансколиева ООУ “Видое Подгорец” -Колешино
За освоена ВТОРА НАГРАДА на литературен конкурс по повод Денот на
Општината на тема “Од срце за Општина Ново Село”.

Диплома на Лука Стојановиќ ООУ “Видое Подгорец” -Колешино
За освоена ТРЕТА НАГРАДА на литературен конкурс по повод Денот на
Општината на тема “Од срце за Општина Ново Село”.

Плакета на Каја Пецев ООУ “Видое Подгорец” -Колешино
За освоена ГРАН ПРИ НАГРАДА на ликовен конкурс по повод Денот на
Општината на тема “Од срце за Општина Ново Село”.

Диплома на Викторија Каменарова ООУ “Видое Подгорец” -Колешино
За освоена ПРВА НАГРАДА на ликовен конкурс по повод Денот на
Општината на тема “Од срце за Општина Ново Село”.

Диплома на Мартина Ѓорѓиева ООУ “Видое Подгорец” -Колешино
За освоена ВТОРА НАГРАДА на ликовен конкурс по повод Денот на
Општината на тема “Од срце за Општина Ново Село”.

Диплома на Анастасија Димитриева ООУ “Видое Подгорец” -Колешино
За освоена ТРЕТА НАГРАДА на ликовен конкурс по повод Денот на
Општината на тема “Од срце за Општина Ново Село”.

Плакета на Теодора Стојкова ООУ “Мануш Турновски” -Ново Село
За освоена ГРАН ПРИ НАГРАДА на литературен конкурс по повод Денот на
Општината на тема “Од срце за Општина Ново Село”.

Диплома на Јована Стојанова ООУ “Мануш Турновски” -Ново Село
За освоена ПРВА НАГРАДА на литературен конкурс по повод Денот на
Општината на тема “Од срце за Општина Ново Село”.

Диплома на Тамара Ѓоргиева ООУ “Мануш Турновски” -Ново Село
За освоена ВТОРА НАГРАДА на литературен конкурс по повод Денот на
Општината на тема “Од срце за Општина Ново Село”.

Диплома на Барбара Тренова ООУ “Мануш Турновски” -Ново Село
За освоена ТРЕТА НАГРАДА на литературен конкурс по повод Денот на
Општината на тема “Од срце за Општина Ново Село.

Плакета на Елена Маркова ООУ “Мануш Турновски” -Ново Село
За освоена ГРАН ПРИ НАГРАДА на ликовен конкурс по повод Денот на
Општината на тема “Од срце за Општина Ново Село”.

Диплома на Живко Бариев ООУ “Мануш Турновски” -Ново Село
За освоена ПРВА НАГРАДА на ликовен конкурс по повод Денот на
Општината на тема “Од срце за Општина Ново Село”.

Диплома на Олгица Ристова ООУ “Мануш Турновски” -Ново Село
За освоена ВТОРА НАГРАДА на ликовен конкурс по повод Денот на
Општината на тема “Од срце за Општина Ново Село”.

Диплома на Татјана Попова ООУ “Мануш Турновски” -Ново Село
За освоена ТРЕТА НАГРАДА на ликовен конкурс по повод Денот на
Општината на тема “Од срце за Општина Ново Село”.

Плакета на Симона Накова
За Млада надеж во одбојка како дел од Женски Одбојкарски Клуб – Ново Село.

Плакета на Данче Трајкова
За Млада надеж во одбојка од Општина Ново Село.

Плакета на Клара Гоцева
За најдобра одбојкарка од Општина Ново Село како дел од Женски Одбојкарски Клуб – Ново Село.

Плакета на Женски Одбојкарски Клуб – Ново Село
За развој и промоција на одбојката во Општина Ново Село.

Плакета на Женски фудбалски клуб при ООУ Видое Подгорец Колешино,
за развој и промоција на фудбалот во женска конкуренција во општина Ново Село

Плакета на КУД “Јане Сандански” – Ново Село.
За најголеми амбасадори на Општина Ново Село и македонската култура и фолклор.

Плакета на СВР – Струмица
За одлична соработка и грижа за безбедноста на граѓаните на Општина Ново Село.

Плакета на ЈП Национални шуми
За професионално вложување во спречување на пожарите на Беласица и Огражден.

Плакета на ТППЕ Струмица
За заштита од пожари на населението на територија на Општина Ново Село.

Плакета на Црвен крст Струмица
За одлична соработка со Општина Ново Село

Плакета на Наќе Митревски,
за особен придонес при гасењето на пожарот кај Бадилен

Плакета на Кире Стојанов,
за особен придонес при гасењето на пожарот кај Бадилен

Во текот на наредната недела ќе бидат доделени уште неколку признанија и тоа:

Плакета на Павел Стојанов
За млад фудбалер во македонската репрезентација и амбасадор на Општина Ново Село.

Плакета на Константин Тренов
За млад фудбалер во македонската репрезентација и амбасадор на Општина Ново Село.

Плакета на Слаѓана Ѓорѓиева
За млада фудбалерка во македонската репрезентација и амбасадорка на Општина Ново Село.

Плакета на Розита Пецева
За млада фудбалерка во македонската репрезентација и амбасадорка на Општина Ново Село.

Плакета на Кристијан Чавков
За врвни достигнувања на државните и меѓународни натпревари по Математика и потенцијален научник од општина Ново Село

Градоначалникот Ѓорѓе Божинов е особено горд што полека, но сигурно, младите од општина Ново Село, стануваат значаен фактор во општествениот живот на Македонија.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАРНО ГРЕЕЊЕ ВО ДОМ НА КУЛТРУА ,,ЈАНЕ САНДАНСКИ’’ – НОВО СЕЛО

Во официјална посета на Општина Ново Село беше Амбасадорот на Република Полска, Н.Е. Војциех Тицињски

Извршен увид на успешно завршен проект за Реконструкција на парно греење во Дом на Култура ,,Јане Сандански’’ во Ново Село, со кој постигнуваме намалување на трошоците за греење до 40%, а е финансиран од Ambasada RP w Skopje / Амбасада на Република Полска во Скопје.

Вредноста на проектот е 755,835 ден.

Целта на проектот е намалување на трошоците за парно греење и постојано топли простории во Домот на Културата.

КОНКУРС


За обука на Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

Се повикуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат да аплицираат во периодот од 20.09.2022 до 05.10.2022  година.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

-Да се државјани на Република Северна Македонија

-Да имаат најмалку 18 години

-Да имаат општа психо-физичка способност за работа

-Да бидат мотивирани за работа со стари лица и лица со попреченост.

Заинтересираните кандидати може да се пријават на е-маил:
strumica.negacentar@redcross.org.mk, тел. 070/382-229, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Сите заинтересирани кандидати ќе бидат повикани на индивидуално интервју.

Потпишување договор со Амбасадорот на Република Полска, Н.Е. Војциех Тицињски

Денес, Градоначалникот г-дин Ѓорѓе Божинов потпиша договор со Амбасадорот на Република Полска Н.Е. Војциех Тицињски, за донација во износ од 750.000,00 денари за спроведување на Реконструкција на греење во Дом на Култура ,,Јане Сандански”, Ново Село.

Конкурс за обука на негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост – Црвен Крст ОО Струмица

Црвен Крст на РСМ, Општинска Организација Струмица објавува

Конкурс

За обука на Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

Се повикуваат сите невработени лица од општините Струмица, Ново Село, Василево, Босилово, Радовиш, Валандово и Гевгелија кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат да аплицираат во период од 15.11.2021 до 26.11.2021 година.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Да  се државјани на Р. С. Македонија;
  • Да имаат 18 години;
  • Да имаат општа психо-физичка способност за работа;
  • Да имаат минимум основно образование;
  • Да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица и лица со попреченост;
  • Да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени во сервисот за нега во домашни услови при Црвен Крст Струмица – Нега Центар.

Напомена: Обуката за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост е сертифицирана.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават на е-маил: strumica.negacentar@redcross.org.mk

или на тел. број: 070 382 229

Секој заинтересиран кандидат ќе биде повикан на идивидуално интервју.

Примопредавање на функцијата Градоначалник на Општина Ново Село

На ден 08.11.2021 година, во просториите на административната зграда на Општина Ново Село, Општинската Изборна Комисија им ги врачи Уверенијата на новоизбраните Советници и Уверението на новоизбраниот Градоначалник на Општина Ново Село.

Потоа, беше извршено примопредавање на функцијата Градоначалник на Општина Ново Село. Новоизбраниот Градоначалник Г-дин Ѓорѓе Божинов ја презеде функцијата од неговиот претходник Г-дин Никола Андонов.

Започна изградбата на фекално канализациониот систем во Сушица

На терен веќе се одвиваат градежните активности за изградба на фекално канализациониот систем во Сушица. Градежните активности се започнати од улицата кај игралиштето со цел да може да се да се постави канализационата мрежа пред да се започне со асфалтирање на планираните улици во Сушица.  Оваа улица е еден крак од планираните улици за асфалтирање, и истите ќе бидат асфалтирани веднаш по поставување на канализационата мрежа долж овие улици.

Се замолуваат граѓаните за трпение бидејќи улиците ќе бидат дополнително раскопани по поставување на водоводната мрежа, но сето тоа ќе се санира.

Вкупната инвестиција на канализациониот систем е вредна 40.597.057,00 денари со ДДВ. Средствата се обезбедени од Влада на Република Северна Македонија и ќе бидат спроведени преку Кабинет на Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции преку ТАВ Македонија ДООЕЛ.

Со овој проект ќе се овозможи целосна мрежна покриеност каде сите домаќинства и институции во Сушица ќе имаат можност да се приклучат и да ги користат овие услуги. Целта на проектот е да се подобри благосостојбата и условите за живеење во Општина Ново Село.

Font Resize
Контраст