Автор: admin

Апел за солидарност за сите правни и физички лица

Општина Ново Село упатува голема јавна благодарност до фамилијата Крстеви и фамилија Љачеви за нивната донација на заштитни маски за повеќекратна употреба со што несебнично дадоа поддршка кон општинските напори за заштита на јавното здравје и борбата против коронавирусот Covid-19.

Заштитните маски, кои во оваа вонредна состојба претставуваат основна потреба, ќе бидат ставени во употреба на најизложените на ризик односно полициските службеници кои се грижат за безбедноста на граѓаните и јавниот ред и мир, теренските работници на ЈПКД „Комуна“ Ново Село, како и ризични групи на граѓани во општината.

Упатуваме апел до сите граѓани кои се инспирирани од овие хумани гестови, кои имаат желба и сакаат да излезат во пресрет на потребите на заедницата, Општина Ново Село има донаторски сметки кон кои може да се донираат парични средства за набавка на заштитна опрема, дезинфекциони средства, набавка на основни прехрамбени и хигиенски средства кои ќе бидат доделени на најзагрозените семејства во општината.


  1. Сметка во МКД (денари): Донаторска сметка – Хуманост

          750014079778585

          Народна Банка на РСМ


  1. Сметка во ЕУР (евро):

Correspondent bank details:

DEUTSCHE BUNDESBANK ZENTRALE

Address:

Wilhelm Epstein strasse 14

Frankfurt am Main

Germany

SWIFT BIC: MARK DE FF

Bank details:

NATIONAL BANK OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA

Address:

Bul.”Kuzman Josifovski Pitu” br.1

1000 Skopje

NORTH MACEDONIA

SWIFT BIC: NBRM MK 2X

Final beneficiary:

IBAN: MK07100701000079322

Name: Opstina Novo Selo

 

 

 

ЦЈЗ Струмица 072 235 543 и насоки за само-изолација

За сите граѓани вклучувајќи ги оние кои неодамна патувале/се дојдени од ризични и средно ризични земји на Ковид-19 доколку им се пројават симптоми како на пр. покачена температура и треска, кашлица, отежнато дишење, понекогаш малаксаност, мускулни болки, дијареа, лицето да се јави во Службата “Ало докторе” за понатамошни насоки.Задолжително контактирајте со Центарот за јавно здравје пред да посетите лекар

Центар за јавно здравје Струмица: 072 235 543

За оние кои допатувале од ризичните земји задолжително мораат да останат во домашната само-изолација која подразбира 24 часовен престој во домашни услови, во текот на 14 дена:

❖ престој во посебна просторија (по можност),
❖ задолжително носење на заштитна маска (хируршка маска),
❖ самопроверка – мерење на телесна температура најмалку два пати дневно,
❖ комуникација со домашните на растојание од минимум 2 метри,
❖ зачестено, темелно миење на рацете во траење од најмалку 20 секунди, и
одржување на личната и општата хигиена во домот,
❖ зачестено проветрување на домот, особено просторијата каде престојува лицето
во домашна изолација,
❖ редовно користење на средства за дезинфекција на база на алкохол и хлор,
❖ возрасните да не одат на работа

Дезинфекција на површина на зелен пазар и Граничен премин Ново Село

Во поглед на досега донесените препораки од страна на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, во консултација со надлежните во општината, денес (18.03.2020) ЈПКД „Комуна“ Ново Село во соработка со Противпожарната единица во Ново Село и Општина Ново Село изврши дезинфекција на Граничниот премин Ново Село како и на површината каде се организира зелениот пазар во Ново Село.

Општина Ново Село и останатите надлежни институции во општината ги следат сите мерки, забрани и препораки добиени од Владата на РСМ во однос на спречување на ширењето на коронавирусот Ковид-19 и заштита на јавното здравје. Општината набавува соодветни средства за дезинфекција и ќе се дезинфицираат и улиците во населените места.

Што се однесува до граѓаните, тие треба да се придржуваат до сите мерки кои досега се донесени  ( објавени на https://vlada.mk/covid19), да се информираат од веродостојни извори на информации како на пример Министерството за здравство, Владата на РСМ и Светската здравствена организација, да избегнуваат јавни и приватни собири и да практикуваат лична и респираторна хигиена.

Известување за работењето на зелениот пазар во Ново Село!

Општина Ново Село и ЈПКД „Комуна“ Ве известуваат дека зелениот пазар кој се организира секој четврток, ќе продолжи да функционира со рестриктивни мерки а во согласност со препораките на Влада на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на коронавирусот Ковид-19.

На пазарот ќе биде дозволено само продавање на храна односно на земјоделски производи од типот на овошје, зеленчук, житни култури и сл. за да можат граѓаните да се снабдат со основните намирници. Останатите продавачи од типот на продавачи на текстил, облека, обувки и сл. им се забранува продавањето на пазарот.

Продавачите на пазарот ќе бидат распоредени на препорачаното растојание, а се апелира до граѓаните да излезат на пазар само по потреба, да практикуваат лична и респираторна хигиена, и да избегнуваат пазарење во групи, односно да оставаат доволно растојание помеѓу луѓето при пазарење. Граѓаните строго да се придржуваат кон препораките од Владата на РСМ и Министерството за здравство во однос на заштита на јавното здравје.

Во овој период на рестриктивни мерки организирањето на сточниот пазар во Ново Село е забрането.

Мобилни тимови во функција за потребите на граѓаните

Општина Ново Село има формирано мобилни тимови кои ќе бидат на готовост да им помагаат на сите стари и изнемоштени лица и лица со попреченост во општината.

Сите граѓани од наведената категорија кои имаат потреба од набавка на потребните лекарства, прехрамбени продукти и средства за хигиена, со цел да не излегуваат надвор и да не остваруваат непосреден контакт со други лица, при што би се изложиле на опасност од заразување со коронавирусот Ковид-19 , ќе можат да ги контактираат мобилните тимови во секое време од денот во текот на цела недела, за да ги направат потребните набавки за нив.

Телефони за контакт:
034 355 202
078 367 568

Јавен повик за достава на иницијативи за Урбанистички планови

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат граѓаните и правните лица на територијата на Општина Ново Село за распишување на Јавен повик за доставување иницијативи за изработка на Урбанистички планови

Повеќе информации во следниот документ: Иницијатива-за-изработка-на-Урбанистички-планови

Font Resize
Контраст