Автор: admin

Датум за прво прскање против возрасни комарци – edit: 08.06.2020 – Одложено

Се известуваат сите граѓани на 10-те општини во Југоисточниот плански регион дека првото третирање против возрасни комарци ќе се изврши на 10 и 11 јуни 2020 година, со следниот распоред:

1.    На 10.06.2020 година (среда), во период од 18.00 до 02.00 часот во општините Конче, Радовиш, Ново Село, Василево, Босилово и Струмица и

2.    На 11.06.2020 година (четврток), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Првото третирање на дезинфекција, дезинсекција и дератизација на адултни комарци по земјен пат го организира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.

Предвидени се вкупно две третирања за ларвициди и три третирања против адултни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 ха.

Известување за прскање против комарци, 2020 година!

Предвидено е прскање за возрасни комарци од 8-ми до 11-ти јуни. Во сите општини е прскано веќе по 2 пати ларвицидно.

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот започна со третирање на дезинфекција, дезинсекција и дератизација против ларвицидна и адултна форма на комарци по земјен пат. За разлика од претходните години каде што третирањето беше по авионски пат, оваа година за прв пат се донесе одлука за третирање по земјен пат, со надеж дека со овој метод ќе се постигне поголем ефект и превенција.

Предвидени се две третирања за ларвициди и три третирања против адултни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 ха засите десет општини. Теренското третирање против ларви од комарци се врши со средство во вид на гранули кои се расфрлаат во плитка застоена вода и ваквото ларвицидно третирање не е штетно за луѓето, пчелните семејства ниту за домашните миленици.

Пред да се започне со третирање против адултни комарци претходно ќе биде објавено известување од Центарот и општините за точниот датум за секоја општина со цел да се известат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Доделување на хуманитарни пакети во Општина Ново Село

Во текот на вчерашниот ден, 11 мај 2020 година веќе беа поделени голем број но исто така и во текот на престојната недела Општина Ново Село ќе продолжи со поделувањето на вкупно 300 хуманитарни пакети. Општинските мобилни тимови, почитувајќи ги мерките и препораките за заштита на јавното здравје, продолжуваат со доделувањето на пакети на социјално загрозените семејства и ранливите групи на граѓани кои беа дополнително засегнати поради настанатата криза предизвикана од коронавирусот COVID-19. Пакетите кои беа доставени до Општина Ново Село како донација содржат прехрамбени производи и средства за лична хигиена, кои се надеваме дека ќе помогнат на овие семејства во оваа вонредна состојба.

Од името на Општина Ново Село и во име на примателите на хуманитарните пакети упатуваме огромна благодарност до организацијата „Сите заедно можеме“ за донацијата на 300 хуманитарни пакети.

Во претходните наврати, општинските мобилни тимови поделуваа хуманитарни пакети кои беа обезбедени преку приватни донатори од бизнис заедницата во Општина Ново Село, меѓутоа имаше и донатори кои поттикнати од кризната ситуација и потребата во соработка со кризниот штаб на Општина Ново Село самите организираа и спроведуваа донации во вид на земјоделски производи на оние кои имаат потреба.

Акцијата за доделување на хуманитарни пакети не застанува овде, односно и понатаму ќе продолжи следејќи ги потребите на најзасегнатите семејства.

Реализирана Програмата за изградба, реконструкција и оддржување на локалните патишта и улици за 2020 година во Општина Ново Село

Во овогодинешната програма за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици беа опфатени шест населени места и тоа Дражево, Смоларе, Ново Село, Борисово, Мокрино и Зубово. Вкупната инвестиција во локални патишта и улици од програмата изнесува 4.123.398,00 денари. Изградбата на овие улици е важна од неколку аспекти меѓу кои најважни се подобрување на безбедноста и здравјето на жителите кои живеат во непосредна близина, се пружи поголема сигурност на сите учесници во сообраќајот, се спречува постојана ерозија на претходно земјени патишта како последица од обилни врнежи и се спречува создавање на наноси на прашина во сувите периоди.

Иако програмата е веќе реализирана, во тек се градежни активности во изведбена фаза за изградба и реконструкција на повеќе улици во Општина Ново Село, но исто така во тек е изработката на проекти за изградба, реконструција и оддржување на улици и патишта во апликациона фаза.

Прием на странки во Општина Ново Село од 11.05.2020

ИЗВЕСТУВАЊЕ!

Почитувани,

Ве известуваме дека времениот прекин на прием на странки во Општина Ново Село, кој беше воспоставен како мерка за заштита против ширењето на коронавирусот COVID-19 се повлекува, и почнувајќи од понеделник, 11 мај 2020 година, странките ќе се примаат во општинското работно време од 7:30 до 15:30 часот.

При приемот на странки ќе се применуваат сите досегашни мерки донесени од Владата на РСМ во однос на борбата против COVID-19, односно задолжително е носење на заштитна респираторна опрема (маски, марами и слично) при влегување во општината. На сите оние кои нема да ги почитуваат заштитните мерки ќе им биде забранет пристапот до општинската зграда.

За сите оние кои и понатаму сакаат да добијат услуги електронски или се соочуваат со некој проблем за кој е надлежна Општина Ново Село можат да ги користат следните контакти:

  • Одделение за урбанизам – 070 296 162
  • Одделение за финансиски прашања – 070 996 965
  • Одделение за даноци – 078 487 938
  • Телефонски број на општината – 034 355 202
  • Служба 24/7 – 078 367 568
  • електронска пошта: administracija@novoselo.gov.mk
  • или оставете порака на општинската веб-страна: www.novoselo.gov.mk

Ви благодариме за трпението.

Здравјето пред сè!

Font Resize
Контраст