ЦЈЗ Струмица 072 235 543 и насоки за само-изолација
За сите граѓани вклучувајќи ги оние кои неодамна патувале/се дојдени од ризични и средно ризични земји на Ковид-19 доколку им се пројават симптоми како на пр. покачена температура и треска, кашлица, отежнато дишење, понекогаш малаксаност, мускулни болки, дијареа, лицето да се јави во Службата “Ало докторе” за понатамошни насоки.Задолжително контактирајте со Центарот за јавно здравје пред да посетите лекар
Центар за јавно здравје Струмица: 072 235 543
За оние кои допатувале од ризичните земји задолжително мораат да останат во домашната само-изолација која подразбира 24 часовен престој во домашни услови, во текот на 14 дена:
❖ престој во посебна просторија (по можност),
❖ задолжително носење на заштитна маска (хируршка маска),
❖ самопроверка – мерење на телесна температура најмалку два пати дневно,
❖ комуникација со домашните на растојание од минимум 2 метри,
❖ зачестено, темелно миење на рацете во траење од најмалку 20 секунди, и
одржување на личната и општата хигиена во домот,
❖ зачестено проветрување на домот, особено просторијата каде престојува лицето
во домашна изолација,
❖ редовно користење на средства за дезинфекција на база на алкохол и хлор,
❖ возрасните да не одат на работа