Известување за прскање против комарци, 2020 година!

Предвидено е прскање за возрасни комарци од 8-ми до 11-ти јуни. Во сите општини е прскано веќе по 2 пати ларвицидно.

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот започна со третирање на дезинфекција, дезинсекција и дератизација против ларвицидна и адултна форма на комарци по земјен пат. За разлика од претходните години каде што третирањето беше по авионски пат, оваа година за прв пат се донесе одлука за третирање по земјен пат, со надеж дека со овој метод ќе се постигне поголем ефект и превенција.

Предвидени се две третирања за ларвициди и три третирања против адултни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 ха засите десет општини. Теренското третирање против ларви од комарци се врши со средство во вид на гранули кои се расфрлаат во плитка застоена вода и ваквото ларвицидно третирање не е штетно за луѓето, пчелните семејства ниту за домашните миленици.

Пред да се започне со третирање против адултни комарци претходно ќе биде објавено известување од Центарот и општините за точниот датум за секоја општина со цел да се известат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Font Resize
Контраст