Известување за земјоделците за движење за време на полициски час, Април 2021
Известување за земјоделците за движење за време на полициски час
Согласно новите рестриктивни мерки донесени од Владата на РСМ по барање на Комисијата за заразни болести, односно ограничување на движењето на граѓаните од 20:00 до 05:00 часот, со цел непречено извршување на земјоделските активности, земјоделците можат да побараат дозвола за движење на следните начини:
За земјоделци кои не се регистрирани во системот на Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), дозволи за движење можат да обезбедат преку општинските кризни штабови. Земјоделците треба да се најават во Општинскиот кризен штаб на Општина Ново Село на телефонскиот број 078 367 – 568, секој ден најдоцна до 20:00 часот, по што списокот ќе биде предаден во полициската станица. При повик задолжително треба да наведат име и презиме на сите оние кои ќе се движат за време на полицискиот час, почетна локација и локација до каде ќе се движат, во кој период и времетраење. Дозволите се издаваат исклучиво за обавување на земјоделски активности.
За регистрираните земјоделци во ЕРЗС, дозволите за движење ќе можат да ги обезбедат преку алатката за давање на дозволи од Министерството за информатичко општество и администрација, преку овластени лица на МЗШВ. Барањата за дозволи за движење се доставуваат по телефон или е-маил адреса преку Подрачна единица на МЗШВ (кој мора да провери дали барателот е запишан во ЕРЗС). Сите оние кои имаат претходно извадено ваква дозвола за движење, немаат потреба да вадат нови бидејќи истите се важечки.



