Автор: admin

Денеска (24.03.2021) започна обуката на 14 потенцијални негуватели/ки

По успешно спроведен конкурс за обука на негуватели/ки за помош на стари лица и лица со попреченост, денеска започна обуката на пријавените и избраните негуватели/ки.

Обуката се одржува во просториите на Црвен Крст Струмица, а ќе трае до 6 мај, 2021 година. Обуката ја следат 14 потенцијални негуватели/ки од двете партнер општини, Општина Ново Село и Општина Василево.

По завршување на обуката, негувателите/ките ќе се стекнат со сертификат за обучени негуватели на стари лица и лица со попреченост. Услугата опфаќа помош и нега на стари и изнемоштени лица над 65 години, лица со намален функционален капацитет како и лица со попреченост.

Инаку се работи за проектот „Центар за помош и нега во домот“ кој е развиен преку меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Ново Село и Општина Василево во партнерсто со „Црвен Крст на РСМ ОО Струмица, а ќе се спроведува на територијата на двете општини. Проектот е финансики поддржан од Министерстото за труд и социјална политика и Светска банка.

Целта на проектот е давање на услуги со кои ќе се обезбеди помош во вршење на основни и инструментални активности од секојдневниот живот за лица со намален функционален капацитет кои неможат сами да се грижат за себе, со цел да продолжат да живеат во сопствениот дом и да водат независен живот во заедницата.

Известување за достапност на документ План за управување со животна средина и социјални аспекти за Реконструкција на локални патишта во н.м. Мокриево, н.м. Колешино и н.м. Ново Село Општина Ново Село во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ

Известување за достапност на документ План за управување со животна средина и социјални аспекти за Реконструкција на локални патишта во н.м. Мокриево, н.м. Колешино и н.м. Ново Село Општина Ново Село во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Ново Село аплицираше со проект за “Реконструкција на локални патишта во н.м. Мокриево, н.м. Колешино и н.м. Ново Село”, Оштина Ново Село.

Согласно барањата и процедурите на Светска Банка во делот на животна средина и социјални аспекти беше подготвен документ “ План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на Проектот.

Документот “ План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Ново Село  (http://www.novoselo.gov.mk/ ) на 24.03.2021.

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

ПЛАН-ЗА-УПРАВУВАЊЕ-СО-ЖИВОТНАТА-СРЕДИНА-И-СОЦИЈАЛНИТЕ-АСПЕКТИ-Општина-Ново-Село

Формулар за поднесување на коментари

Дневен-ред-за-јавна-расправа-за-ЕСМП

Ве покануваме на јавна расправа / видео консултација за документ План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за Реконструкција на локалната улица “Реконструкција на локални патишта во н.м. Мокриево, н.м. Колешино и н.м. Ново Село, Оштина Ново Село, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија која ќе се одржи на 02.04.2021 (петок) со почеток во 13.00 часот

Линк за приклучување до јавната расправа:

You’re invited to join a Microsoft Teams meeting

Title: Saska Bogdanova Ajceva’s Teams Meeting
Time: 2 Apr 2021 13:00:00

Приклучите се на следниот линк преку компјутер или мобилна апликација

 

 

Налог за дозвола за извршување на Решение ИП1бр.12-24 од 21.12.2020

НАЛОГ

За дозвола за извршување на Решение ИП1бр.12-24 од 21.12.2020 година

  1. СЕ УТВРДУВА дека Решението ИП1бр.12-24 од 21.12.2020 година донесено од страна на овластен градежен инспектор при Општина Ново Село е ПРАВОСИЛНО и ИЗВРШНО па се допушта неговото административно извршување.
  2. Извршувањето ќе биде на ден 31.03.2021 година во 09:00 часот и ќе се изврши од страна на правно лице со лиценца за изведба на градежни активности кое поседува градежна механизација за отстранување на бесправно изградената градба.
  3. Жалбата против налогот на извршувањето може да се поднесе само во однос на време, местото и начинот на извршувањето и нема одложно дејство.

Преземето го целосниот документ на следниот линк: Налог-за-извршување-на-Решение-ИП1бр.12-24-од-21.12.2020

Известување за повик за склучување на спогодба за изградба на улица во с.Мокриево

Известување

Се известуваат следните лица од с. Мокриево да дојдат во просториите на Општина Ново Село за склучување на спогодба за изградба на улица во с.Мокриево:

  1. Папучарова Стојанка
  2. Малинов Ванчо

Лицата треба да се јават во Општина Ново Село во рок од седум (7) дена од објавување на оваа Известување (ден на објава: 09.03.2021)

Преземи: Известување

Известување за повик за склучување на спогодба за изградба на улица во Ново Село

Известување

Се известуваат следните лица од с. Ново Село да дојдат во просториите на Општина Ново Село за склучување на спогодба за изградба на улица во с.Ново Село:

  1. Стојменовски Сашо ул. 10ти Септември бр.68а Ново Село
  2. Папулев Ванчо ул. А.Демниевски бр.15 Скопје
  3. Пасков Коље ул. Бр. Миладинови бр.17 Ново Село
  4. Малчев Марјан ул. Огражденска бр.31 Ново Село
  5. Јакимов Кољо с.Сушица
  6. Малијански Спасе ул. Цар Самоил бр.7 Ново Село
  7. Ѓорѓиев Јован ул. Илинденска бр.25 Ново Село
  8. Митрев Иван ул. Илинденска бр.23 Ново Село
  9. Муратов Стојан с. Ст. Коњарево и Стојанова Јулија с.Н.Коњарево

Лицата треба да се јават во Општина Ново Село во рок од седум (7) дена од објавување на оваа Известување (ден на објава: 08.03.2021)

Преземи Известување

 

Известување за повик за склучување на спогодба за изградба на улица во Колешино

Известување

Се известуваат следните лица од с. Колешино да дојдат во просториите на Општина Ново Село за склучување на спогодба за изградба на улица во с.Колешино:

  1. Малинов Сократ
  2. Накев Сашо и Накева Мони
  3. Златанов Ванчо и Златанов Коле
  4. Пеловска Паца
  5. Панделиев Васил
  6. Атанасов Александар и Атанасова Билјана

Лицата треба да се јават во Општина Ново Село во рок од седум (7) дена од објавување на оваа Известување (ден на објава: 05.03.2021)

Преземете го: Известување 

Конкурс за негуватели – Проект „Центар за помош и нега во домот“

Почитувани,

Во тек е спорведувањето на проектот „Центар за помош и нега во домот“. Проект кој е развиен преку меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Ново Село и Општина Василево во партнерсто со „Црвен Крст на РСМ ОО Струмица, а ќе се спроведува на територијата на двете општини. Проектот е финансики поддржан од Министерстото за труд и социјална политика.

Целта на проектот е давање на услуги со кои ќе се обезбеди помош во вршење на основни и инструментални активности од секојдневниот живот за лица со намален функционален капацитет кои неможат сами да се грижат за себе, со цел да продолжат да живеат во сопствениот дом и да водат независен живот во заедницата.

За да се спроведе сето тоа, предвидено е теоретска и практична настава на негуватели кои преку обуката ќе се стекнат со знаења за да можат тие да ги пружат овие услуги директно на граѓаните кои имаат потреба од тоа.

Обуката е бесплатна а лицата кои ќе ја поминат обуката ќе имаат можност да се стекнат со сертификат за обавување на оваа дејност.

Според тоа Црвен Крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Струмица ги повикува сите невработени лица од територијата на Општините Ново Село и Василево кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат да аплицираат во периодот од 26.02.2021 до 08.03.2021 година во просториите на Општинската организација Црвен крст Струмица, Општина Ново Село и Општина Василево или на телефонските броеви 075/670-075; 071/205-168; 072/252-022 како и на mail strumica.negacentar@redcross.org.mk секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Објавениот конкурс е следниот:

Font Resize
Контраст