Автор: admin

Теренска ревакцинација во Општина Ново Село

Почитувани,

Во прилог се дадени датумите и термините за теренска ревакцинација во Општина Ново Село. Со оглед дека е започната училишната година со физичко присуство, просториите во кои претходно се вршеше вакцинација не се достапни, па поради тоа ревакцијанта ќе се одвива во општинската мобилна амбуланта кој во дадените термини ќе биде достапна во посочените населени места.

 

 

Реконструкција на улици во Самоилово

Реконструкција на улици во Самоилово

Градежните активности во склоп на проектот „Реконструкција на улици во с.Самоилово, Општина Ново Село“ се веќе започнати на терен.

Проектот предвидува реконструкција на две улици во Самоилово со вкупна должина од 404,9 метри или поединечно улица 1 со должина од 138,3 метри и улица 2 со 266,6 метри должина. Реконструкцијата опфаќа ископ, одбележување и расчистување на трасата, обработка на трасата (ископ на земја, изработка на постелица, планирање на косини итн.), вградување на тампонски слој од дробен камен, поставуање на асфалтен слој и изработка на банкини.

Проектот е финансиран преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година од страна на Бирото за регионален развој и средства од Буџетот на Општина Ново Село.

Трето прскање против возрасни комарци по земјен пат во општините во Југоисточниот плански регион

Се известуваат сите граѓани на десетте општини во Југоисточниот плански регион, дека третото прскање против возрасни комарци ќе се изврши во период од 03 до 05 Август 2021 година, со следниот распоред:

  1. На 03.08.2021 година (Вторник), во период од 20 до 04 часот во општините Радовиш и Конче.
  2. На 04.08.2021 година (Среда), во период од 20 до 04 часот во општините Ново Село, Босилово, Василево, Струмица.
  3. На 05.08.2021 година (Четврток), во период од 20 до 04 часот во општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Решение за одобрување на Проектна програма со тех. бр. 03-99/2021 од мај, 2021 год.

ОПШТИНА НОВО СЕЛО

ГРАДОНАЧАЛНИК

БР.10-1202/3

Од 03.08.2021год.

Ново Село

 

     Градоначалникот на Општина Ново Село, решавајќи по барањето на Друштво за производство,трговија,услуги и инженеринг ИДЕА-КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Струмица., поднесено под број 10-1202/1 од 26.05.2021 година, за одобрување на проектна  програма, врз основа на член 44  од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.32/2020), го издава следното:

РЕШЕНИЕ

      Се одобрува Проектната  програма,со технички број 03-99/2021 од мај 2021година изработена од Друштво за производство,трговија,услуги и инженеринг ИДЕА-КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Струмица.

   ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

     Барателот Друштво за производство,трговија,услуги и инженеринг ИДЕА-КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Струмица, поднесе барање за одобрување на Проектна  програма,со технички број 03-99/21 од мај 2021 година изработена од Друштво за производство,трговија,услуги и инженеринг ИДЕА-КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Струмица за изработка на  Проектна  Програма за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план-за нов приклучен надземен вод 10(20)Kv заедно со нова бетонска трафостаница 10(20)0,4Kv„ОТКЛОН ЕНЕРЏИ КОСМОС„на дел од КП бр.4511,дел од КПбр.5578 и дел од КП бр.4505 КО Сушица,Општина Ново Село.

Со барањето ја приложи следната документација и докази:

  1. Проектна програма
  2. Барање

Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на општина Ново Село, со Решение бр. 09-2137/3 од 17.10.2019 година, по проучувањето на приложената документација со барањето и извршениот увид, констатира дека барањето е основано и Планската програма може да се одобри. Истото го потврди со Предлог одобрување со бр. 10-1202/2  од 30.07.2021 година.

Градоначалникот на општината Ново Село по извршениот увид на приложената документација со барањето и предлогот од Комисијата за урбанизам констатира дека барањето е основано и се исполнети условите од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.32/2020год). Врз основа на тоа, а согласно член 44 од Законот за просторно и урбанистичко планирање донесе решение како во диспозитивот.

            ПРАВНА ПОУКА

            Против ова Решение,барателот може да изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

                                                                                                    ОПШТИНА НОВО СЕЛО

                                                                                                        ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                                        НИКОЛА АНДОНОВ

Преземете го Решението: Решение

Font Resize
Контраст