Автор: admin

Решение за Проектна програма за изработка на УП за колектор и ПСОВ во населено место Ново Село, Општина Ново Село

ОПШТИНА НОВО СЕЛО

ГРАДОНАЧАЛНИК

БР.10-2739/3

Од 30.12.2021год.

Ново Село

 

     Градоначалникот на Општина Ново Село, решавајќи по барањето на Друштво за урбанизам,проектирање,трговија и инженеринг ПЛАНЕРИС ДООЕЛ Куманово, поднесено под број 10-2739/1 од 22.12.2021 година, за одобрување на проектна програма, врз основа на член 44  од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.32/2020), го издава следното:

РЕШЕНИЕ

      Се одобрува Проектна  програма за изработка на урбанистички проект вон опфат за инфраструктура за продолжување на колектор ND315mm до колектор со дијаметар 400mm и пречистителна станица за отпадни води во населено место Ново Село,општина Ново Село,со технички број 54/21 од декември 2021година изработена од Друштво за урбанизам,проектирање,трговија и инженеринг ПЛАНЕРИС ДООЕЛ Куманово за изработка на урбанистички проект вон опфат за инфраструктура за продолжување на колектор ND315mm до колектор со дијаметар 400mm и пречистителна станица за отпадни води во населено место Ново Село,општина Ново Село.

 ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

     Барателот Друштво за урбанизам,проектирање,трговија и инженеринг ПЛАНЕРИС ДООЕЛ Куманово, поднесе барање за одобрување на Проектна програма,со технички број 54/21од декември 2021 година изработена од Друштво за урбанизам,проектирање,трговија и инженеринг ПЛАНЕРИС ДООЕЛ Куманово за изработка на  проектна програма за изработка на урбанистички проект вон опфат за инфраструктура за продолжување на колектор ND315mm до колектор со дијаметар 400mm и пречистителна станица за отпадни води во населено место Ново Село,општина Ново Село

Со барањето ја приложи следната документација и докази:

  1. Проектна програма
  2. Барање

Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на општина Ново Село, со Решение бр. 09-2137/3 од 17.10.2019, по проучувањето на приложената документација со барањето и извршениот увид, констатира дека барањето е основано и Проектната програма може да се одобри. Истото го потврди со Предлог одобрување со бр. 10-2739/2  од 30.12.2021 година.

Градоначалникот на општината Ново Село по извршениот увид на приложената документација со барањето и предлогот од Комисијата за урбанизам констатира дека барањето е основано и се исполнети условите од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.32/2020год). Врз основа на тоа, а согласно член 44 од Законот за просторно и урбанистичко планирање донесе решение како во диспозитивот.

                ПРАВНА ПОУКА

                Против ова Решение,барателот може да изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на одобранието до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

                                                                                                    ОПШТИНА НОВО СЕЛО

                                                                                                        ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                                          Ѓорѓе Божинов

 

 

Соопштение до јавноста во однос на УП Сушица

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ОПШТИНА  НОВО СЕЛО

Градоначалник

Број. 10-2443 /11

13.12.2021 година

   Ново Село

 

   Врз основа на  Законот за  урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.32/20,), од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02),член 28 од Статутот на Општина Ново Село , и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Ново Село за 2021 година со Бр.08-208/3 од 26.01.2021година, од Советот на Општина Ново Село, Градоначалникот на Општина Ново Село го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е  до  Ј А В Н О С Т А

По  Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за пречистителна станица на фекален канализационен систем за с.Сушица и испусен колектор во реципиент ,Општина Ново Село

Опфатот е со површина од 11864,50м2.

Јавниот увид по  Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за пречистителна станица на фекален канализационен систем за с.Сушица и испусен колектор во реципиент ,Општина Ново Село,ќе трае 15(петнаест)  дена, сметано во деновите од 14.12.2021 до 28.12.2021год. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења во електронака форма преку информациски систем е-урбанизам.

 

ОПШТИНА НОВО СЕЛО

Градоначалник,

Ѓорѓе Божинов

Конкурс за обука на негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост – Црвен Крст ОО Струмица

Црвен Крст на РСМ, Општинска Организација Струмица објавува

Конкурс

За обука на Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

Се повикуваат сите невработени лица од општините Струмица, Ново Село, Василево, Босилово, Радовиш, Валандово и Гевгелија кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат да аплицираат во период од 15.11.2021 до 26.11.2021 година.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Да  се државјани на Р. С. Македонија;
  • Да имаат 18 години;
  • Да имаат општа психо-физичка способност за работа;
  • Да имаат минимум основно образование;
  • Да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица и лица со попреченост;
  • Да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени во сервисот за нега во домашни услови при Црвен Крст Струмица – Нега Центар.

Напомена: Обуката за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост е сертифицирана.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават на е-маил: strumica.negacentar@redcross.org.mk

или на тел. број: 070 382 229

Секој заинтересиран кандидат ќе биде повикан на идивидуално интервју.

Примопредавање на функцијата Градоначалник на Општина Ново Село

На ден 08.11.2021 година, во просториите на административната зграда на Општина Ново Село, Општинската Изборна Комисија им ги врачи Уверенијата на новоизбраните Советници и Уверението на новоизбраниот Градоначалник на Општина Ново Село.

Потоа, беше извршено примопредавање на функцијата Градоначалник на Општина Ново Село. Новоизбраниот Градоначалник Г-дин Ѓорѓе Божинов ја презеде функцијата од неговиот претходник Г-дин Никола Андонов.

Започна изградбата на фекално канализациониот систем во Сушица

На терен веќе се одвиваат градежните активности за изградба на фекално канализациониот систем во Сушица. Градежните активности се започнати од улицата кај игралиштето со цел да може да се да се постави канализационата мрежа пред да се започне со асфалтирање на планираните улици во Сушица.  Оваа улица е еден крак од планираните улици за асфалтирање, и истите ќе бидат асфалтирани веднаш по поставување на канализационата мрежа долж овие улици.

Се замолуваат граѓаните за трпение бидејќи улиците ќе бидат дополнително раскопани по поставување на водоводната мрежа, но сето тоа ќе се санира.

Вкупната инвестиција на канализациониот систем е вредна 40.597.057,00 денари со ДДВ. Средствата се обезбедени од Влада на Република Северна Македонија и ќе бидат спроведени преку Кабинет на Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции преку ТАВ Македонија ДООЕЛ.

Со овој проект ќе се овозможи целосна мрежна покриеност каде сите домаќинства и институции во Сушица ќе имаат можност да се приклучат и да ги користат овие услуги. Целта на проектот е да се подобри благосостојбата и условите за живеење во Општина Ново Село.

Соопштение до јавноста за нов надземен вод 10(20) Kv заедно со нова столбна бетонска трафостаница 10(20) 0,4 Kv „ОТКЛОН ЕКО ЕНЕРЏИ КОСМОС“ на дел од КП 4511, дел од КП 5578 и дел од КП 4505 КО СУШИЦА, Општина Ново Село

 

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ОПШТИНА НОВО СЕЛО

Градоначалник

Број. 10-1917 /8

06.10.2021 година

Ново Село

 

Врз основа на Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.32/20), од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02),член 28 од Статутот на Општина Ново Село, и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Ново Село за 2021 година со Бр.08-208/3 од 26.01.2021година, од Советот на Општина Ново Село, Градоначалникот на Општина Ново Село го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е  до  Ј А В Н О С Т А

По Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план –за нов приклучен надземен вод 10(20) Kv заедно со нова столбна бетонска трафостаница 10(20) 0,4 Kv „ОТКЛОН ЕКО ЕНЕРЏИ КОСМОС“ на дел од КП 4511, дел од КП 5578 и дел од КП 4505 КО СУШИЦА, Општина Ново Село

Опфатот е со површина од 111,52 м2.

Јавниот увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план – за нов приклучен надземен вод 10(20) Kv заедно со нова столбна бетонска трафостаница 10(20) 0,4 Kv „ОТКЛОН ЕКО ЕНЕРЏИ КОСМОС“ на дел од КП 4511,дел од КП 5578 и дел од КП 4505 КО СУШИЦА, Општина Ново Село, ќе трае 15(петнаест) дена, сметано во деновите од 07.10.2021 до 21.10.2021год. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења во електронака форма преку информациски систем е-урбанизам.

ОПШТИНА НОВО СЕЛО

Градоначалникот,

Никола Андонов

Font Resize
Контраст