Автор: admin

ЈАВЕН ПОВИК за финансирање на проекти и програми на здруженија и фондации, од Буџетот на Општина Ново Село за 2022 година

Ј А В Е Н  П О В И К
за финансирање на проекти и програми на здруженија и фондации, од Буџетот на Општина Ново Село за 2022 година

ЈАВЕН ПОВИК

Пријава за финансирање

Изјава за двојно финансирање

 

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ОПШТИНА НОВО СЕЛО

Број.10-443/12 од 05.07.2022 година

Ново Село

Врз основа на Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.32/20), од Законот за локална самоуправа (‘’Сл.весник на РМ” бр.5/02), член 28 од Статутот на Општина Ново Село и донесената Годишна програма за изработуање на урбанистички планови на Општина Ново Село за 2022 година со Бр.01-2710/1 од 20.12.2021 година, од Советот на Општина Ново Село, Градоначалникот на Општина Ново Село го дава следното:

 

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

 

По Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за инфраструктура за продолжување на колектор ND315mm до колектор со дијаметар 400mm и преистителна станица за отпадни води во населено место Ново Село, Опшина Ново Село.

Планскиот опфат е со вкупна површина од 3051,78m2 (0.30Ха), односно должина од 214284m2.

Јавниот увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за инфраструктура за продолжување на колектор ND315mm до колектор со дијаметар 400mm и пречистителна станица за отпадни води во населено место Ново Село, Општина Ново Село ќе трае 15 (петнаесет) дена, сметано во деновите од 06.07.2022 до 20.07.2022год. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења во електронска форма преку информациски систем е-урбанизам.

 

ОПШТИНА НОВО СЕЛО

ГРАДОНАЧАЛНИК

ЃОРЃЕ БОЖИНОВ

Click to access -ЈАВНОСТА.pdf

Кампања „ Мојот данок, за мојата општина! “

Кампања „ Мојот данок, за мојата општина! “

До подобри општини, со навремено подмирување данок на имот.

Општина Ново Село  како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“

Едукативната кампања „ Мојот данок, за мојата општина! “има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината.

Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но, и законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот.

Секој граѓанин-даночен обврзник треба да знае дека со навремено подмируваме на данокот на имот, го полни директно општинскиот буџет, преку кој се реализираат сите планирани јавни и инфраструктурни проекти. Со ова, едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за развојот на општината, која во иднина ќе ја красат: нови градинки, нови игралишта, нови улици, нови училишта, ново осветлување, нови паркови, еколошки проекти, нови проекти за економски развој.

Оваа кампања оттаму, цели и да придонесе кон навремено и прецизно информирање на даночните обврзници за сите права и обврски, како и правата и обврските на општината поврзани со данокот на имот.

За да дознаете повеќе за данокот на имот погледнете го видеото на https://www.youtube.com/watch?v=kV46872donQ и информирајте повеќе од летокот објавен на линкот(https://www.novoselo.gov.mk/wp-content/uploads/2022/05/usaid-%D0%9B%D0%B5%D1%82%D0%BE%D0%BA-%D0%B7%D0%B0-%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%BA-%D0%BD%D0%B0-%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D1%82-mk.pdf

Известување за данок на имот

 

И  З  В  Е  С  Т  У  В  А  Њ  Е

Се известуваат граѓаните на Oпштина Ново Село, правните лица и трговците поединци според законот за данок на имот, заклучно со 31.01.2022 година, се должни својот имот да го пријават кај општинската администрација во општината.

Под имот се подразбира;

-куќа и станови во кој живеат;
-други градежни објекти (викендица во којa не живеаат);
-деловни објекти освен објекти завршени на земјоделска дејност;

За граѓаните и правните лица кои веќе го имаат пријавено имотот не се должни да поднесуваат пријава.

Со почит,

Одделение за администрирање и наплата на даноци при Oпштина Ново Село.

Font Resize
Контраст