Tag: <span>општина ново село</span>

Трето прскање против возрасни комарци по земјен пат на територијата на Југоисточниот плански регион

Се известуваат сите граѓани од Југоисточниот плански регион дека третото прскање против возрасни комарци ќе се изврши на 19 и 20 Август 2020 година, со следниот распоред:

1.    На 19.08.2020 година (среда), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Конче, Радовиш, Струмица, Босилово, Василево и Ново Село;

2.    На 20.08.2020 година (четврток), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Валандово, Богданци, Дојран и Гевгелија.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот период.

Второ прскање против возрасни комарци по земјен пат на територијата на Југоисточниот плански регион

Се известуваат сите граѓани од Југоисточниот плански регион дека второто прскање против возрасни комарци ќе се изврши на 22 и 23 Јули 2020 година, со следниот распоред:

1.    На 22.07.2020 година (среда), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Конче, Радовиш, Струмица и Василево и

2.    На 23.07.2020 година (четврток), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Ново Село, Босилово, Валандово, Богданци и Дојран.

За прскањето во општина Гевгелија, граѓаните на општина Гевгелија ќе бидат дополнително известени.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот период.

Започнува реализирањето на проектот „Доградба на фекалниот канализационен систем во Ново Село“

Почитувани,

Ве известуваме дека градежните активности на долгоочекуваниот проект „Доградба на фекален канализационен систем во Ново Село“ се веќе во тек. По спроведените тендерски постапки од страна на Министерството за транспорт и врски и потпишувањето на договорите за изведба на градежни активности, избраниот економски оператор “Друштво за градежништво и трговија ЖИКОЛ ДООЕЛ експорт импорт Струмица“ е веќе на терен.

Долгогодишниот проблем на Ново Село ќе се решава со вкупната инвестиција која изнесува 43.723.466,00 денари со вклучен ДДВ, а финансиските средства се обезбедени од страна на Министерството за транспорт и врски. Рок за изведба на градежните активности е 14 месеци.

Досега, Општина Ново Село со сопствени средства финансираше одредени краци на фекално канализациониот систем во Ново Село, меѓутоа, со овој проект ќе се овозможи целосна мрежна покриеност каде сите домаќинства и институции во Ново Село ќе имаат можност да се приклучат и да ги користат овие услуги.

Изградбата на фекален канализационен систем во Ново Село како основна инфраструктура на современото општество и приоритетен проект ќе има позитивно влијание врз квалитетот на животот на локалното население и ќе креира услови за економски развој.

Погледнете видео обраќање за проектот на Градоначалникот Никола Андонов на следната веб врска: https://www.youtube.com/watch?v=RNl7Y4favnw

 

Датум за прво прскање против возрасни комарци

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, организира прво прскање против возрасни комарци по земјен пат.

Согласно набавката предвидени се вкупно две прскања за ларвициди и три прскања против возрасни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 ха.

Се известуваат сите граѓани на 10-те општини во Југоисточниот плански регион дека првото прскање против возрасни комарци ќе се изврши на 24 и 25 јуни 2020 година, со следниот распоред:

1. На 24.06.2020 година (среда), во период од 18.00 до 02.00 часот во општините Конче, Радовиш, Ново Село, Василево, Босилово и Струмица и

2. На 25.06.2020 година (четврток), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Одложено првото прскање против возрасни комарци во Југоисточниот регион

Известување од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион

Се известуваат сите граѓани на 10-те општини во Југоисточниот плански регион дека СЕ ОДЛОЖУВА првото прскање против возрасни комарци кое беше предвидено да се изврши на 10 и 11 јуни, 2020 година (среда и четврток) на територијата на сите општини во регионот.

Прскањето се одложува поради неповолни временски услови т.е. појава на врнежи во предвидениот период, а за спроведување на планираното прво прскање против возрасни комарци, граѓаните на Југоисточниот регион ќе бидат дополнително известени.

Датум за прво прскање против возрасни комарци – edit: 08.06.2020 – Одложено

Се известуваат сите граѓани на 10-те општини во Југоисточниот плански регион дека првото третирање против возрасни комарци ќе се изврши на 10 и 11 јуни 2020 година, со следниот распоред:

1.    На 10.06.2020 година (среда), во период од 18.00 до 02.00 часот во општините Конче, Радовиш, Ново Село, Василево, Босилово и Струмица и

2.    На 11.06.2020 година (четврток), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Првото третирање на дезинфекција, дезинсекција и дератизација на адултни комарци по земјен пат го организира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.

Предвидени се вкупно две третирања за ларвициди и три третирања против адултни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 ха.

Известување за прскање против комарци, 2020 година!

Предвидено е прскање за возрасни комарци од 8-ми до 11-ти јуни. Во сите општини е прскано веќе по 2 пати ларвицидно.

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот започна со третирање на дезинфекција, дезинсекција и дератизација против ларвицидна и адултна форма на комарци по земјен пат. За разлика од претходните години каде што третирањето беше по авионски пат, оваа година за прв пат се донесе одлука за третирање по земјен пат, со надеж дека со овој метод ќе се постигне поголем ефект и превенција.

Предвидени се две третирања за ларвициди и три третирања против адултни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 ха засите десет општини. Теренското третирање против ларви од комарци се врши со средство во вид на гранули кои се расфрлаат во плитка застоена вода и ваквото ларвицидно третирање не е штетно за луѓето, пчелните семејства ниту за домашните миленици.

Пред да се започне со третирање против адултни комарци претходно ќе биде објавено известување од Центарот и општините за точниот датум за секоја општина со цел да се известат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Доделување на хуманитарни пакети во Општина Ново Село

Во текот на вчерашниот ден, 11 мај 2020 година веќе беа поделени голем број но исто така и во текот на престојната недела Општина Ново Село ќе продолжи со поделувањето на вкупно 300 хуманитарни пакети. Општинските мобилни тимови, почитувајќи ги мерките и препораките за заштита на јавното здравје, продолжуваат со доделувањето на пакети на социјално загрозените семејства и ранливите групи на граѓани кои беа дополнително засегнати поради настанатата криза предизвикана од коронавирусот COVID-19. Пакетите кои беа доставени до Општина Ново Село како донација содржат прехрамбени производи и средства за лична хигиена, кои се надеваме дека ќе помогнат на овие семејства во оваа вонредна состојба.

Од името на Општина Ново Село и во име на примателите на хуманитарните пакети упатуваме огромна благодарност до организацијата „Сите заедно можеме“ за донацијата на 300 хуманитарни пакети.

Во претходните наврати, општинските мобилни тимови поделуваа хуманитарни пакети кои беа обезбедени преку приватни донатори од бизнис заедницата во Општина Ново Село, меѓутоа имаше и донатори кои поттикнати од кризната ситуација и потребата во соработка со кризниот штаб на Општина Ново Село самите организираа и спроведуваа донации во вид на земјоделски производи на оние кои имаат потреба.

Акцијата за доделување на хуманитарни пакети не застанува овде, односно и понатаму ќе продолжи следејќи ги потребите на најзасегнатите семејства.

Font Resize
Контраст