Tag: <span>општина ново село</span>

Известување за достапност на документ План за управување со животна средина и социјални аспекти за Реконструкција на локални патишта во н.м. Мокриево, н.м. Колешино и н.м. Ново Село Општина Ново Село во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ

Известување за достапност на документ План за управување со животна средина и социјални аспекти за Реконструкција на локални патишта во н.м. Мокриево, н.м. Колешино и н.м. Ново Село Општина Ново Село во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Ново Село аплицираше со проект за “Реконструкција на локални патишта во н.м. Мокриево, н.м. Колешино и н.м. Ново Село”, Оштина Ново Село.

Согласно барањата и процедурите на Светска Банка во делот на животна средина и социјални аспекти беше подготвен документ “ План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на Проектот.

Документот “ План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Ново Село  (http://www.novoselo.gov.mk/ ) на 24.03.2021.

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

ПЛАН-ЗА-УПРАВУВАЊЕ-СО-ЖИВОТНАТА-СРЕДИНА-И-СОЦИЈАЛНИТЕ-АСПЕКТИ-Општина-Ново-Село

Формулар за поднесување на коментари

Дневен-ред-за-јавна-расправа-за-ЕСМП

Ве покануваме на јавна расправа / видео консултација за документ План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за Реконструкција на локалната улица “Реконструкција на локални патишта во н.м. Мокриево, н.м. Колешино и н.м. Ново Село, Оштина Ново Село, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија која ќе се одржи на 02.04.2021 (петок) со почеток во 13.00 часот

Линк за приклучување до јавната расправа:

You’re invited to join a Microsoft Teams meeting

Title: Saska Bogdanova Ajceva’s Teams Meeting
Time: 2 Apr 2021 13:00:00

Приклучите се на следниот линк преку компјутер или мобилна апликација

 

 

Конкурс за негуватели – Проект „Центар за помош и нега во домот“

Почитувани,

Во тек е спорведувањето на проектот „Центар за помош и нега во домот“. Проект кој е развиен преку меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Ново Село и Општина Василево во партнерсто со „Црвен Крст на РСМ ОО Струмица, а ќе се спроведува на територијата на двете општини. Проектот е финансики поддржан од Министерстото за труд и социјална политика.

Целта на проектот е давање на услуги со кои ќе се обезбеди помош во вршење на основни и инструментални активности од секојдневниот живот за лица со намален функционален капацитет кои неможат сами да се грижат за себе, со цел да продолжат да живеат во сопствениот дом и да водат независен живот во заедницата.

За да се спроведе сето тоа, предвидено е теоретска и практична настава на негуватели кои преку обуката ќе се стекнат со знаења за да можат тие да ги пружат овие услуги директно на граѓаните кои имаат потреба од тоа.

Обуката е бесплатна а лицата кои ќе ја поминат обуката ќе имаат можност да се стекнат со сертификат за обавување на оваа дејност.

Според тоа Црвен Крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Струмица ги повикува сите невработени лица од територијата на Општините Ново Село и Василево кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат да аплицираат во периодот од 26.02.2021 до 08.03.2021 година во просториите на Општинската организација Црвен крст Струмица, Општина Ново Село и Општина Василево или на телефонските броеви 075/670-075; 071/205-168; 072/252-022 како и на mail strumica.negacentar@redcross.org.mk секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Објавениот конкурс е следниот:

Мобилна Амбуланта пуштена во употреба!

Почитувани,

Од понеделник започнува да функционира Мобилната Амбуланта на Општина Ново Село набавена преку проектот „Мрежа за примарна здравствена заштита“ кој е финансиран преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка „Грција – Република Северна Македонија“.

Во Мобилната Амбуланта ќе работи тим кој ќе пружа бесплатни примарни здравствени услуги за сите граѓани.

Работниот распоред на Мобилната Амбуланта ќе се објавува неделно, а почнувајќи од 01.03.2021 до 05.03.2021 ќе се движи по следниот распоред:

 

Повеќе информации за проектот и услугите на следниот линк: https://wp.me/p7dsvC-R9

Обезбедени 660.000 евра за изградба на канализационен систем во Сушица

Наскоро ќе започне изградбата на фекален канализационен систем во Сушица, Општина Ново Село. Средствата се одобрени од Влада на Република Северна Македонија и ќе бидат спроведени преку Кабинет на Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции преку ТАВ Македонија ДООЕЛ.

Во моментот се работи на припремни работи и избор на економски оператор кој ќе ги обавува градежните активности.

Со овој проект ќе се овозможи целосна мрежна покриеност каде сите домаќинства и институции во Сушица ќе имаат можност да се приклучат и да ги користат овие услуги.

Изградбата на фекален канализационен систем во Сушица, покрај изградбата на водоводната мрежа, како основна инфраструктура на современото општество и приоритетен проект ќе има позитивно влијание врз квалитетот на животот на локалното население и ќе креира услови за економски развој.

Општина Ново Село се залага за изнаоѓање на финансиски средства за спроведување на инфраструктурни проекти и во останатите населени места за водоводи и канализации, и очекуваме позитивни одговори во текот на наредните неколку месеци.

Реконструкција на спортската сала во ООУ „Мануш Турновски“ Ново Село

Завршени активностите од проектот “Подобрување на енергетската ефикасност преку изработка на термичка фасада на објектот на ООУ „Мануш Турновски“ Ново Село, Општина Ново Село“.

Проектот беше финансиски поддржан од Генералниот Секретаријат при Владата на Република Северна Македонија во соработка со Општина Ново Село преку „Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година – енергетска ефикасност“.

Проектните активности опфаќаа изработка на термичка фасада комплет со сите слоеви и монтажа на полутврдо пресувана камена минерална волна заштитена со ПВЦ фолија на покрив.

Придобивките од спроведување на главната активност на овој проект односно изработка на термичка фасада ќе придонесе кон подобрена енергетска ефикасност на објектот со што ќе се намали потрошувачката на огревни средства а со тоа и директно ќе се влијае врз намалување на аерозагадувањето.

Проект „Мрежа за примарна здравствена заштита“

Проектот „Мрежа за примарна здравствена заштита“

Project – “Primary Healthcare Network” – HealthNET– CN1-SO1.2-SC024

Проектот е финансиран од ЕУ и Национално ко-финансирање преку „ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција – Република Северна Македонија 2014-2020 година“.

Проектни партнери се:

  1. Проектен партнер 1: Општина Ираклеа (Грција)
  2. Проектен партнер 2: Институт за информатика и телекомуникации – Национален институт за научно истражување Демокритос (Грција)
  3. Проектен партнер 3: Општина Ново Село (Северна Македонија)
  4. Проектен партнер 4: Младинско здружение Феникс Ново Село (Северна Македонија)

Проектот има за цел да ги развие и подобри услугите од доменот на примарната здравствена заштита во руралниот прекуграничен регион каде што населението има тежок пристап до здравствените единици, особено за старите и социјално загрозени лица, со посебен акцент на рана дијагноза и превенција на несакани здравствени состојби.

Како најважна проектна активност преставува набавката на мобилна здравствена единица – мобилна амбуланта. Оваа специјализирано возило ќе пружа здравствени услуги директно на граѓаните. Возилото ќе биде опремено со медицинска опрема, ИТ опрема и шесто-член кадар (два доктора, медицинска сестра, социјален работник, ИТ експерт и возач). Мобилната амбуланта ќе се движи низ општината, во руралните средини и ќе пружа примарни здравствени услуги. Медицинската опрема ќе вклучува апарат за мерење крвен притисок, спирометар (мерење на волумен на белите дробови), инструменти за мерење на шеќер, триглицериди, и холестерол во крвта, оксиметар (мерење на ниво на кислород во крвта), два типа на ЕКГ, ЕХО ултразвук и др. Медицинскиот персонал ќе врши различни видови прегледи, дијагнози и сл.  и истите ќе бидат бесплатни за граѓаните.

Проектот промовира социјална вклученост и се бори против сиромаштијата и дискриминација бидејќи обезбедува здравствени услуги на луѓе од оддалечени области кои имаат тежок пристап до здравствени услуги. Следствено ги намалува нееднаквостите во однос на здравствениот статус.

Општествената корист е најдобро искажана преку здравствените услуги кои ќе се осврнат на рана превенција и дијагноза кај старите и социјално загрозени лица во руралните средини каде тие немаат пристап до основни здравствени услуги.

Очекувани резултати:

Очекуваните резултати кои ќе произлезат од проектните активности вклучуваат:

  • намалување на бројот на приеми во болници и последователно намалување на секундарните и терцијалните здравствени трошоци;
  • заштита на ранливи социјални групи од болнички инфекции и обезбедување на информации за самостојно менаџирање со сопстените здравствени состојби;
  • подобрување на психолошката состојба на социјално ранливите групи;
  • подобрување на квалитетот на животот во руралните средини;
  • промовирање на превенција и рано дијагностицирање, намалување на трошоците за здравствена заштита;
  • обука на старатели и здравствени работници да ракуваат со паметни здравствени апликации;
  • ќе се подобри процедурата за собирање на медицинска историја на пациенти, и медицински третман што го добиле од мобилните единици;
  • ќе се развие меѓународен меморандум за разбирање и формирање на почетни точки за понатамошни здравствени активности.

Резултатите од проектот воглавно се фокусираат на еднакви можности и борба против дискриминацијата преку спроведување на иновативен пристап при обезбедување на примарни здравствени услуги од страна на локалната власт и здравствените организации во областа. Активностите на проектот ќе бидат достапни за вкупно 32.712 граѓани, од кои 11.567 се жители на Општина Ново Село.

Додадена вредност на проектот произлегува од сличните услови за живот (многу оддалечени села населени претежно со стари и изнемоштени лица) во областа на пограничниот регион. Очекуваните резултати од спроведување на проектот ќе помогнат во подобрување на соработката за одговор на заеднички проблеми во врска со прашања за социјална интеграција, размена на најдобри практики, создавање на мрежи и заеднички протоколи за здравствена и социјална интеграција.

По завршување на проектот мобилната амбуланта и опремата ќе бидат ставени во функција на јавното здравје каде ќе продолжат да даваат услуги на регионално ниво.

Буџет на проектот

Вкупниот буџет на проектот изнесува 1.085.330 евра, од кои Општина Ново Село има буџет од 363.530 евра. Финансиските средства се 100% неповратен грант од кои, 85% се финансиски средства од Европска унија, а 15% е национално кофинансирање.

Целна група на минимум услужени граѓани е 600 лица (стари и социјално загрозени лица).

Потпишан Договор за финансирање на проект „Центар за помош и нега во домот“

Потпишан Договор за финансирање на проект „Центар за помош и нега во домот“

На ден 26.10.2020, Општина Ново Село го потпиша Договорот за финансирање на проект насловен „Центар за помош и нега во домот“. Проектот кој беше развиен преку меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Ново Село и Општина Василево во партнерсто со „Црвен Крст на РСМ ОО Струмица, ќе се спроведува на територијата на двете општини.

Проектот кој наскоро ќе започне со имплементација, предвидува теоретска и практична настава за негуватели, набавка на специјализирано возило за теренски посети, и давање на услуги со кои ќе се обезбеди помош во вршење на основни и инструментални активности од секојдневниот живот за лица со намален функционален капацитет кои неможат сами да се грижат за себе, со цел да продолжат да живеат во сопствениот дом и да водат независен живот во заедницата.

Проектот кој е финансики поддржан од Министерстото за труд и социјална политика со поддршка од Светска банка, беше презентиран на вчерашниот свечен настан каде Министерката Јагода Шахпаска изјави „Владата и Министерството за труд и социјална политика заедно со општините и невладиниот сектор се вклучуваат во имплементација на социјалната реформа со една и единствена цел, услугите да ги доближиме до корисниците, односно да ги добиваат од нивното место на живеење. Но, ова дополнително значи и отворање на нови работни места, преку платена работа за давателите на овие услуги“.

Договор за грантови за развој на социјални услуги потпишаа вкупно осум општини, меѓу кои е и Општина Ново Село.

Во тек е реконструкција на спортската сала во ООУ „Мануш Турновски“ Ново Село

 

Привршуваат финалните активности од проектот “Подобрување на енергетската ефикасност преку изработка на термичка фасада на објектот на ООУ „Мануш Турновски“ Ново Село, Општина Ново Село“.

Проектот беше финансиски поддржан од Генералниот Секретаријат при Владата на Република Северна Македонија во соработка со Општина Ново Село преку „Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година – енергетска ефикасност“.

Проектните активности опфаќаа изработка на термичка фасада комплет со сите слоеви и монтажа на полутврдо пресувана камена минерална волна заштитена со ПВЦ фолија на покрив.

Придобивките од спроведување на главната активност на овој проект односно изработка на термичка фасада ќе придонесе кон подобрена енергетска ефикасност на објектот со што ќе се намали потрошувачката на огревни средства а со тоа и директно ќе се влијае врз намалување на аерозагадувањето.

Училиштето е во постапка, со сопствени средства, да реализира целосна реконструкција на внатрешноста на спортската сала и придружните простории. Активностите ќе опфаќаат реконструкција на спортска сала, гардероби, тоалети, ходник и канцеларија. Во претходен наврат училиштето ја замени старата, дрвена столарија со нова, енергетско-ефикасна столарија.

Реконструкцијата на спортската сала при ООУ „Мануш Турновски“ ќе овозможи подобрување на воспитно-образовните услови и ќе создаде безбедна и ефективна образовна средина кога учениците ќе се вратат на настава.

Font Resize
Контраст