Автор: admin
Известување
Се известуваат граѓаните од населените места Колешино, Борисово, Мокриево и Мокрино дека на ден 12.03.2018 (понеделник) и 13.03.2018 (вторник) делницата Мокриево – Мокрино од регионалниот пат ќе биде затворена поради изведување на градежни работи на самиот пат.
Одвивањето на сообраќајот ќе биде на следниот начин :
Тешките товарни возила да се движат по локалниот пат Мокриево – Ново Село а лесните моторни возила низ споредни улици во село Мокриево кои ќе бидат и соодветно одбележани.
Се замолуваат граѓаните за разбирање за што однапред им благодариме!
Референдум
Општинската изборна комисија Ново Село објавува
Ј А В Е Н П О В И К за одржување на референдум на локално ниво на ден 17.09.2017 година (недела)
Советот на Општина Ново Село донесе Одлука бр. 08-1807/5 од 14.08.2017 година за распишување на референдум на локално ниво. На референдумот на локалнио ниво граѓаните на Општина Ново Село можат да се произнесат по две прашања и тоа:
Прашање 1 : Дали сте „ЗА“ или „ПРОТИВ“ отворање на рудникот за бакар и злато „Иловица“ и
Прашање 2 : Дали сте „ЗА“ или „ПРОТИВ“ отворање на рудници и рударски комплекси за металични минерални суровини на територијата на Општина Ново Село
Референдумот на локално ниво ќе се оджи на ден 17.09.2017 година (недела) а гласањето ќе се спроведе во период од 07:00 до 19:00 часот. Право на гласање на референдумот имаат граѓаните кои имаат избирачко право и се запишани во Избирачкиот список и се изјаснуваат со непосредно и тајно гласање.
За секое прашање се гласа на посебно гласачко лисче и тоа:
Гласачко ливче за прашање 1: Дали сте „ЗА“ или „ПРОТИВ“ отворање на рудникот за бакар и злато „Иловица“ и
Гласачко ливче за прашање 2: Дали сте „ЗА“ или „ПРОТИВ“ отворање на рудници и рударски комплекси за металични минерални суровини на територијата на Општина Ново Село
Гласачот го заокружува одговорот „ЗА“ или „ПРОТИВ“ на секое посебно гласачко ливче. За важечко гласачко ливче се смета доколку е заокружен само едниот одговор од гласачкото ливче. За важечко гласачко ливче се смета и она гласачко ливче од кое на сигурен и недвосмслен начин може да се утврди за кој одговор гласачот гласал.
Гласачкото ливче е неважечко ако не е пополнето или има заокружено повеќе одговори.
Гласачот може да гласа само со важечка лична карта или патна исправа.
Гласањето ќе се изведе на постоечките гласачки места освен за гласачките места 1780 Стиник и 1781 Барбарево кои се преместени во просториите на ООУ Мануш Турновски во Ново Село.
OПШТИНСКА ИЗБОРНА КОМИСИЈА НОВО СЕЛО
ЈАВЕН ОГЛАС – за доделување на компостери
Центарот за равој на Југоисточен плански регион, во рамките на проектот “Размислуваме за компостирање – посветени на одржување на органскиот синџир” бр. на проектот CB006.1.11.013 кој се имплементира во соработка со Асоцијацијата на Југозападни Општини Р. Бугарија, објавува јавен оглас за доделување на 400 компостери во Југоисточниот регион каде припаѓаат општините: Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица.
Право на учество имаат сите граѓани кои ги исполнуваат следните услови:
- Кандидатот да биде жител на една од погоре наведените 10 општини на Југоисточниот регион;
- Живеалиштето на кандидатот да биде во куќа;
Потребни документи за пријавување се:
- Пријавен лист кој може да го превземат на следниот линк: http://www.rdc.mk/southeastregion или во просториите на Центарот за развој на ЈИПР на ул. Боро Џони Бр.10, Струмица како и во просториите на секоја од општините во Југоисточниот регион.
- Копија од лична карта/пасош;
- Копија од имотен лист (за луѓето кои живеат во град).
Пополнетите пријави и дополнителните документи може да се испратат електронски на maja.doncheva@rdc.mk или истите да ги достават во просториите на Центарот за развој на Југоисточен плански регион со адреса: ул. Боро Џони Бр.10, Струмица како и во просториите на десетте општини на Југоисточниот регион најдоцна до 20.08.2017 година.
Изборот на кандидати кои ќе добијат компостер ќе биде по принципот прв пријавен – прв услужен, односно по редослед на пријавување.
За дополнителни информации контактирајте го следното лице:
Маја Дончева – Центар за развој на Југоисточниот плански регион
Тел: 071 251 205
Е-мејл: maja.doncheva@rdc.mk
Лица за контакт за дополнителни информации од секоја од општините се:
| Општина Богданци | Јованка Ампова | 078 321 586 |
| Општина Босилово | Стојан Милчев | 071 998 253 |
| Општина Валандово | Катерина Николов | 078 565 659 |
| Општина Василево | Георги Цонев | 076 444 617 |
| Општина Гевгелија | Мите Кречев | 072 227 159 |
| Општина Дојран | Катерина Кадиева | 071 382 863 |
| Општина Конче | Ацо Митев | 075 496 017 |
| Општина Ново Село | Туше Стојанов | 075 356 565 |
| Општина Радовиш | Роберт Донев | 075 309 370 |
| Општина Струмица | Томислав Андреев | 075 395 914 |
* Во секоја општина бројот на компостери кои се доделуваат се одредува процентуално спрема бројот на жителите во таа општина. Доколку во некоја општина има недоволен број на пријавени лица, компостерите ќе се доделат во некоја од останатите општини од регионот каде бројот на пријавени лица е најголем.
*Имотниот лист, не е задолжително да биде оригинал, може да биде копија од веќе постоечки или истиот да се превземе со внесување на податоците од следниот линк: http://www.katastar.gov.mk/prebmk/


