Автор: admin

Известување

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА ОПШТИНАТА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ДОГРАДБА, НАДГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АДМИНИСТРАТИВНА ЗГРАДА НА ОПШТИНА НОВО СЕЛО

Врз основа на член 20 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа (Службен весник бр.61/04, 96/04, 67/07, 156/09 и 47/11) и член 50 од Законот за локална самоуправа (Службен весник бр. 5/02) Градоначалникот на Општина Ново Село донесе Одлука за организирање на Јавна расправа за долгорочно задолжување на општината за реализација на проектот „Доградба, надградба и реконструкција на административната зграда на Општина Ново Село“.

Се покануваат сите заинтересирани граѓани на општината на ден 10.04.2018 година со почеток од 12:00 часот во домот на културата Јане Сандански во Ново Село да земат учество на јавната расправа.

Предмет на јавната расправа за долгорочно задолжување на општината за реализација на проектот „Доградба, надградба и реконструкција на административната зграда на Општина Ново Село“ се описот на проектот и условите за негово финансирање.

Font Resize
Контраст