Дезинфекција на површина на зелен пазар и Граничен премин Ново Село
Во поглед на досега донесените препораки од страна на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, во консултација со надлежните во општината, денес (18.03.2020) ЈПКД „Комуна“ Ново Село во соработка со Противпожарната единица во Ново Село и Општина Ново Село изврши дезинфекција на Граничниот премин Ново Село како и на површината каде се организира зелениот пазар во Ново Село.
Општина Ново Село и останатите надлежни институции во општината ги следат сите мерки, забрани и препораки добиени од Владата на РСМ во однос на спречување на ширењето на коронавирусот Ковид-19 и заштита на јавното здравје. Општината набавува соодветни средства за дезинфекција и ќе се дезинфицираат и улиците во населените места.
Што се однесува до граѓаните, тие треба да се придржуваат до сите мерки кои досега се донесени ( објавени на https://vlada.mk/covid19), да се информираат од веродостојни извори на информации како на пример Министерството за здравство, Владата на РСМ и Светската здравствена организација, да избегнуваат јавни и приватни собири и да практикуваат лична и респираторна хигиена.










