Автор: admin
ЈАВЕН ОГЛАС бр. 1/23 за вработување на работници на неопределено работно време во општина Ново Село
Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (Сл. весник на РМ бр.5/02), член 22 од Законот за работните односи и член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор, Градоначалникот на општина Ново Село објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС бр. 1/23
за вработување на работници на неопределено работно време во општина Ново Село
Општина Ново Село има потреба од вработување на 2 (два) работника на неопределено време на следните работни места:
- УПР 0101А03001 –Чувар-Портир III- 1 (еден ) извршител, во Одделението за правни, општи работи, јавни дејности и управување со човечки ресурси
- УПР0405А05001-Хигиеничар-1 (еден) извршител, во Одделението за правни, општи работи, јавни дејности и управување со човечки ресурси
Општи услови за двете работни места:
-да е државјанин на РСМ
-да е полнолетен
-да има општа здравствена состојба за работното место
Посебни услови за двете работни места:
-Основно образование
-со или без работно искуство.
Работното време е од понеделник до петок, 8 работни часови од 7:30 до 15:30, 40 часа неделно , а основната нето плата изнесува 18. 196,00 денари.
Согласно балансерот од Годишниот план за вработување за 2023 година , извршителите треба да бидат Македонци (ки).
Кандидатите за горенаведените работни места покрај пријава (која можат да ја испечатат од веб страницата на Општина Ново Село ) се должни да достават и соодветни докази во оргинал и копија заверена на нотар во однос на општите и посебните услови и тоа:
-кратка биографија
-уверение за државјанство
-лекарско уверение
-диплома за завршено основно образование
Бараните документи да се достават во архивата на Општина Ново Село на адреса ул. ,,Мануш Турновски,, бр. 13 а -Ново Село.
Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето , а изборот на кандидатот за секое работно место ќе се изврши во рок од 15 дена по истекот на рокот за пријавување.
Ненавремени и некомплетни документи нема да се разгледуваат.
Тел. за контакт 034 355-202.
Општина Ново Село
Градоначалник,
Божинов Ѓорѓе
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАРНО ГРЕЕЊЕ ВО ДОМ НА КУЛТРУА ,,ЈАНЕ САНДАНСКИ’’ – НОВО СЕЛО
Во официјална посета на Општина Ново Село беше Амбасадорот на Република Полска, Н.Е. Војциех Тицињски
Извршен увид на успешно завршен проект за Реконструкција на парно греење во Дом на Култура ,,Јане Сандански’’ во Ново Село, со кој постигнуваме намалување на трошоците за греење до 40%, а е финансиран од Ambasada RP w Skopje / Амбасада на Република Полска во Скопје.
Вредноста на проектот е 755,835 ден.
Целта на проектот е намалување на трошоците за парно греење и постојано топли простории во Домот на Културата.






