Tag: <span>спротска сала</span>

Во тек е реконструкција на спортската сала во ООУ „Мануш Турновски“ Ново Село

 

Привршуваат финалните активности од проектот “Подобрување на енергетската ефикасност преку изработка на термичка фасада на објектот на ООУ „Мануш Турновски“ Ново Село, Општина Ново Село“.

Проектот беше финансиски поддржан од Генералниот Секретаријат при Владата на Република Северна Македонија во соработка со Општина Ново Село преку „Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година – енергетска ефикасност“.

Проектните активности опфаќаа изработка на термичка фасада комплет со сите слоеви и монтажа на полутврдо пресувана камена минерална волна заштитена со ПВЦ фолија на покрив.

Придобивките од спроведување на главната активност на овој проект односно изработка на термичка фасада ќе придонесе кон подобрена енергетска ефикасност на објектот со што ќе се намали потрошувачката на огревни средства а со тоа и директно ќе се влијае врз намалување на аерозагадувањето.

Училиштето е во постапка, со сопствени средства, да реализира целосна реконструкција на внатрешноста на спортската сала и придружните простории. Активностите ќе опфаќаат реконструкција на спортска сала, гардероби, тоалети, ходник и канцеларија. Во претходен наврат училиштето ја замени старата, дрвена столарија со нова, енергетско-ефикасна столарија.

Реконструкцијата на спортската сала при ООУ „Мануш Турновски“ ќе овозможи подобрување на воспитно-образовните услови и ќе создаде безбедна и ефективна образовна средина кога учениците ќе се вратат на настава.

Font Resize
Контраст