Денеска (24.03.2021) започна обуката на 14 потенцијални негуватели/ки
По успешно спроведен конкурс за обука на негуватели/ки за помош на стари лица и лица со попреченост, денеска започна обуката на пријавените и избраните негуватели/ки.
Обуката се одржува во просториите на Црвен Крст Струмица, а ќе трае до 6 мај, 2021 година. Обуката ја следат 14 потенцијални негуватели/ки од двете партнер општини, Општина Ново Село и Општина Василево.
По завршување на обуката, негувателите/ките ќе се стекнат со сертификат за обучени негуватели на стари лица и лица со попреченост. Услугата опфаќа помош и нега на стари и изнемоштени лица над 65 години, лица со намален функционален капацитет како и лица со попреченост.
Инаку се работи за проектот „Центар за помош и нега во домот“ кој е развиен преку меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Ново Село и Општина Василево во партнерсто со „Црвен Крст на РСМ ОО Струмица, а ќе се спроведува на територијата на двете општини. Проектот е финансики поддржан од Министерстото за труд и социјална политика и Светска банка.
Целта на проектот е давање на услуги со кои ќе се обезбеди помош во вршење на основни и инструментални активности од секојдневниот живот за лица со намален функционален капацитет кои неможат сами да се грижат за себе, со цел да продолжат да живеат во сопствениот дом и да водат независен живот во заедницата.







