Tag: <span>март</span>

Реконструкција на улици во Општина Ново Село во должина од 3 км

Реконструкција на улици во Општина Ново Село во должина од 3 км

Министерството за транспорт и врски со 70 милиони евра обезбедени од Светска банка го спроведува Проектот за поврзување на локални патишта (ППЛП) со цел да ги поддржи општините во санација / надградба на постоечка локална патна инфраструктура.

Како дел од Проектот за поврзување на локални патишта, Општина Ново Село и Министерството за транспорт и врски ќе ги спроведуваат под-проектите Реконструкција на локални патишта во н.м. Мокриево, во н.м. Колешино и во н.м. Ново Село.

Овие под-проекти имаат за цел да ја подобрат патната инфраструктура и да овозможат подобра врска со околните населени места. Реконструираните улици ќе овозможат современа патна инфраструктура која обезбедува поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, го олеснува движењето при лоши временски услови, ја спречува постојаната ерозија и го спречува загадувањето со постојани наноси на прашина при сувите периоди на земјените патишта.

Главните градежни активности при реконструкција на улиците се: обележување и обезбедување на трасата, ископ на земјениот материјал, обработка на тло, изработка на тампонски слој од дробен камен, изработка на дренажа и одводнување, изработување на асфалтен слој и сл.

Локалниот пат во н.м. Мокриево опфаќа вкупна должина од 657,24 метри. Проектирана вредност на реконструкцијата изнесува 3.638.190,75 денари со ДДВ.

Локалниот пат во н.м. Колешино опфаќа вкупна должина од 983,61 метар. Проектираната вредност за реконструкција изнесува 8,745,730.89 денари со ДДВ.

Локалниот пат во н.м. Ново Село (ул. Струмица со краци) опфаќа вкупна должина од 1.459,71 метар. Проектирана вредност за реконструкција изнесува 12,057,587.51 денар со ДДВ.

Вкупната проектирана инвестиција за трите локални улици изнесува 24.441.509,15 денари со вклучен ДДВ.

Реконструкцијата на овие три улици во општината се само првиот бран на реконстрикции на улици преку Проектот за поврзувње на локални патишта, во моментот се работи и на реконструкција на локални улици во останатите населени места во Општина Ново Село.

Конкурс за негуватели – Проект „Центар за помош и нега во домот“

Почитувани,

Во тек е спорведувањето на проектот „Центар за помош и нега во домот“. Проект кој е развиен преку меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Ново Село и Општина Василево во партнерсто со „Црвен Крст на РСМ ОО Струмица, а ќе се спроведува на територијата на двете општини. Проектот е финансики поддржан од Министерстото за труд и социјална политика.

Целта на проектот е давање на услуги со кои ќе се обезбеди помош во вршење на основни и инструментални активности од секојдневниот живот за лица со намален функционален капацитет кои неможат сами да се грижат за себе, со цел да продолжат да живеат во сопствениот дом и да водат независен живот во заедницата.

За да се спроведе сето тоа, предвидено е теоретска и практична настава на негуватели кои преку обуката ќе се стекнат со знаења за да можат тие да ги пружат овие услуги директно на граѓаните кои имаат потреба од тоа.

Обуката е бесплатна а лицата кои ќе ја поминат обуката ќе имаат можност да се стекнат со сертификат за обавување на оваа дејност.

Според тоа Црвен Крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Струмица ги повикува сите невработени лица од територијата на Општините Ново Село и Василево кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат да аплицираат во периодот од 26.02.2021 до 08.03.2021 година во просториите на Општинската организација Црвен крст Струмица, Општина Ново Село и Општина Василево или на телефонските броеви 075/670-075; 071/205-168; 072/252-022 како и на mail strumica.negacentar@redcross.org.mk секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Објавениот конкурс е следниот:

Мобилна Амбуланта пуштена во употреба!

Почитувани,

Од понеделник започнува да функционира Мобилната Амбуланта на Општина Ново Село набавена преку проектот „Мрежа за примарна здравствена заштита“ кој е финансиран преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка „Грција – Република Северна Македонија“.

Во Мобилната Амбуланта ќе работи тим кој ќе пружа бесплатни примарни здравствени услуги за сите граѓани.

Работниот распоред на Мобилната Амбуланта ќе се објавува неделно, а почнувајќи од 01.03.2021 до 05.03.2021 ќе се движи по следниот распоред:

 

Повеќе информации за проектот и услугите на следниот линк: https://wp.me/p7dsvC-R9

Font Resize
Контраст