Tag: <span>Зубово</span>

Асфалтирање на локален пат Зубово – спој со пат Ново Село – Мокриево

Асфалтирање на локален пат Зубово – спој со пат Ново Село – Мокриево

Денес, 27.04.2021 година, започна поставување на асфалтен слој на локален пат Зубово – спој со пат Ново Село – Мокриево. Асфалтирањето ќе се одвива во текот на целиот ден и во текот на утрешниот ден (Среда, 28.04.21). По асфалтирањето преостанува изработка на банкини и завршни активности до комплетирање на проектот.

Асфалтирањето е дел од активностите на проектот „Изградба на локален пат Зубово – спој со пат Ново Село – Мокриево“, проектот кој се реализира од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во партнерство со Општина Ново Село.

Проектот е финансиран преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година од  страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и од Буџетот на Општина Ново Село.

Вкупната финансиска конструкција на проектот изнесува 4.709.732,82 денари со вклучен ДДВ, од кои 3.991.299,00 денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, а 718.433,82 денари се обезбедени од Буџетот на Општина Ново Село.

Реализирана Програмата за изградба, реконструкција и оддржување на локалните патишта и улици за 2020 година во Општина Ново Село

Во овогодинешната програма за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици беа опфатени шест населени места и тоа Дражево, Смоларе, Ново Село, Борисово, Мокрино и Зубово. Вкупната инвестиција во локални патишта и улици од програмата изнесува 4.123.398,00 денари. Изградбата на овие улици е важна од неколку аспекти меѓу кои најважни се подобрување на безбедноста и здравјето на жителите кои живеат во непосредна близина, се пружи поголема сигурност на сите учесници во сообраќајот, се спречува постојана ерозија на претходно земјени патишта како последица од обилни врнежи и се спречува создавање на наноси на прашина во сувите периоди.

Иако програмата е веќе реализирана, во тек се градежни активности во изведбена фаза за изградба и реконструкција на повеќе улици во Општина Ново Село, но исто така во тек е изработката на проекти за изградба, реконструција и оддржување на улици и патишта во апликациона фаза.

Font Resize
Контраст