Tag: <span>асфалтирање</span>

Реконструкција на улици во Самоилово

Реконструкција на улици во Самоилово

Градоначалникот на Општина Ново Село Г-дин Никола Андонов и Директорот на Бирото за регионален развој Г-дин Рамиз Реџепи го потпишаа Договорот за финансирање на проектот „Реконструкција на улици во с.Самоилово, Општина Ново Село“.

Проектот предвидува реконструкција на две улици во Самоилово со вкупна должина од 404,9 метри или поединечно улица 1 со должина од 138,3 метри и улица 2 со 266,6 метри должина. Реконструкцијата опфаќа ископ, одбележување и расчистување на трасата, обработка на трасата (ископ на земја, изработка на постелица, планирање на косини итн.), вградување на тампонски слој од дробен камен, поставуање на асфалтен слој и изработка на банкини.

Инвестицијата е вредна 3.473.266,00 денари со вклучен ДДВ, од кои 2.431.286,00 денари се одобрени од страна на Бирото за регионален развој а 1.041.980,00 денари се обезбедени од Буџетот на Општина Ново Село.

По спроведување на тендерска постапка, градежните активности се планирани да се спроведуваат во месец јули, 2021 година.

Асфалтирање на локален пат Зубово – спој со пат Ново Село – Мокриево

Асфалтирање на локален пат Зубово – спој со пат Ново Село – Мокриево

Денес, 27.04.2021 година, започна поставување на асфалтен слој на локален пат Зубово – спој со пат Ново Село – Мокриево. Асфалтирањето ќе се одвива во текот на целиот ден и во текот на утрешниот ден (Среда, 28.04.21). По асфалтирањето преостанува изработка на банкини и завршни активности до комплетирање на проектот.

Асфалтирањето е дел од активностите на проектот „Изградба на локален пат Зубово – спој со пат Ново Село – Мокриево“, проектот кој се реализира од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во партнерство со Општина Ново Село.

Проектот е финансиран преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година од  страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и од Буџетот на Општина Ново Село.

Вкупната финансиска конструкција на проектот изнесува 4.709.732,82 денари со вклучен ДДВ, од кои 3.991.299,00 денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, а 718.433,82 денари се обезбедени од Буџетот на Општина Ново Село.

Реализирана Програмата за изградба, реконструкција и оддржување на локалните патишта и улици за 2020 година во Општина Ново Село

Во овогодинешната програма за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици беа опфатени шест населени места и тоа Дражево, Смоларе, Ново Село, Борисово, Мокрино и Зубово. Вкупната инвестиција во локални патишта и улици од програмата изнесува 4.123.398,00 денари. Изградбата на овие улици е важна од неколку аспекти меѓу кои најважни се подобрување на безбедноста и здравјето на жителите кои живеат во непосредна близина, се пружи поголема сигурност на сите учесници во сообраќајот, се спречува постојана ерозија на претходно земјени патишта како последица од обилни врнежи и се спречува создавање на наноси на прашина во сувите периоди.

Иако програмата е веќе реализирана, во тек се градежни активности во изведбена фаза за изградба и реконструкција на повеќе улици во Општина Ново Село, но исто така во тек е изработката на проекти за изградба, реконструција и оддржување на улици и патишта во апликациона фаза.

Потпишување на Меморандум за асфалтирање на улици

На ден 02.03.2020 година, во Свечената сала во Владата на Република Северна Македонија беше одржан свечен настан по повод потпишување на Меморандумите за разбирање со општините во однос на имплементација на Проектот за поврзување на локалните патишта. Меморандумите се потпишуваат со Министерството за транспорт и врски кои преку овој проект ќе овозможат изградба, реконструкција, рехабилитација, асфалтирање на локални улици во општините.

Општина Ново Село, во првиот круг од финансирањето преку Проектот за поврзување на локалните патишта ќе асфалтира улици во Ново Село, Мокриево и Колешино со вкупна должина од 3 км. Понатаму, во склоп на овој проект се планирани улици во Ново Коњарево, Сушица, и во Зубово спој со магистрален пат А4.

Градежни активности на регионален пат Ново Коњарево – Старо Коњарево и магистрален пат Граничен премин Ново Село – Струмица

По долгогодишни празни ветувања од претходната Влада, тековната Влада си стои на ветеното и како резултат на тоа започнаа градежните работи на регионалниот пат Ново Коњарево – Старо Коњарево и магистралниот пат Граничен премин Ново Село – Струмица.

Во тек се градежните работи на регионалниот пат Р1402 од Ново Коњарево кон Старо Коњарево, патот е пробиен до селото и понатаму продолжуваат со следните активности на патот.

Исто така во моментот се одвиваат активностите на регионалниот пат А4 Граничен премин Ново Село кон Струмица. Градежните активности опфаќаат гребење на асфалтен слој и поставување на нов асфалтен слој долж целиот пат.

Во прилог слики од патиштата и градежните активности.

Font Resize
Контраст