ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА ДИРЕКТОР НА ДОМ НА КУЛТУРА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – НОВО СЕЛО

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (Сл. весник на РМ бр. 5/02) како и врз основа на член 29 од Законот за култура, Градоначалникот на Општина Ново Село  распишува:

 ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА ДИРЕКТОР

 НА ДОМ НА КУЛТУРА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – НОВО СЕЛО

 

Покрај општите услови предвидени во  Законот за работни односи, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните услови согласно Законот за култура и Статутот на институцијата  и тоа:

  1. Да е државјанин на Република Северна Македонија;
  2. Во моментот на избирањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција, забрана на вршење на професија, дејност или должност;
  3. Има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на високо образование од областа на уметностите или општествените науки (филозофски или филолошки факултет);
  4. Има минимум 5 години работен стаж во областа на културата или пет години работно искуство  на работи или проекти  во областа на културата  врз основа на склучени договори за дело;
  5. Има еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик  не постар од 5 години:

-ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода,

-ИЕЛТС( IELTS)- најмалку 6 бода,

-ИЛЕЦ (ILEC) (Cаmbridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2)  ниво

-ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) положен

-БУЛАТС (BULATS) –најмалку 60 бода или

-АПТИС (APTIS) –најмалку ниво Б2 (B2)

  1. Добро познавање на законските регулативи од областа на работата на локалните културни установи и локалната самоуправа;
  2. Високи компетенции за организаторско работење со човечки ресурси;
  3. Да има познавање од компјутерски вештини;
  4. Способност на планирање на буџетските средства;
  5. Да има посетувано курсеви за обука од областа за организациско работење, менаџмент на човечки ресурси, стратешко планирање, работа во јавниот сектор, работа на проекти.

Кандидатите за  избор на директор на установата треба да достават и своја Предлог    Програма за работа и за развој на установата како стратегија за наредниот четиригодишен мандат и следните документи (оригинал или заверен препис кај нотар):

  • пријава со кратка биографија;
  • доказ за државјанство (не постаро од 6 месеци), доказ за завршено високо образование, доказ за непостоење на забрана за вршење професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци), доказ за работен стаж во областа на културата или пет години работно искуство на работи или проекти во областа на културата врз основа на склучени договори за дело, меѓународно признат сертификат за англиски јазик, доказ за посетувани обуки од областа за организациско работење, менаџмент на човечки ресурси, стратешко планирање, работа во јавниот сектор, работа на проекти.

Јавниот оглас трае 15 дена од денот на објавувањето. Пријавените кандидати за Директор пријавата со Програмата и останатата документација ги доставуваат до Управниот Одбор на Домот на културата „Јане Сандански“- Ново Село, ул. „Мануш Турновски“ бб.

Изборот на Директор, Градоначалникот на Општина Ново Село ќе го изврши во рок од 15 дена од денот на добивање на предлогот на Управниот Одбор за Директор.

Некомплетни и ненавремени документи нема да се разгледуваат.

 

ОПШТИНА НОВО СЕЛО

Градоначалник,

Никола  Андонов

Преземи: Јавен оглас за избор на Директор на Дом на Култура – Јане Сандански Ново Село-2021

 

Font Resize
Контраст