Центарот за развој на Југоисточниот плански регион објави оглас за вработување на еден проектен координатор по проектот „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари” финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020

Во рамките на проектот „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“, финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020, чија главна цел е да се подобри квалитетот на противпожарните услуги во Југоисточниот плански регион преку промовирање на волонтерство и градење на општински доброволни организации и набавка на професионална опрема за Територијалните противпожарни единици во Југоисточниот плански регион, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на ден 19.02.2021 година објавува: Конкурс за ангажирање на 1 (еден) извршител за потребите на проектот – Проектен координатор.

Проектен координатор на определено време – 23 месеци.

Повеќе информации за начинот на аплицирање како и потребните квалификации на следниот линк: https://southeast.mk/2021/02/19/

 

 

Font Resize
Контраст