Соопштение до јавност од страна на Претседател на Совет на Општина Ново Село

“Почитувни граѓани ве известувам дека денес, 30.06.2021 год. ја започнав 57-та Седница на Советот на Општина Ново Село кога советниците на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, од за нив познати причини, ја напуштија Седницата иако знаеа дека советничката група на СДСМ нема мнозинство за работа.

Поради немање кворум за работа Седницата беше прекината.

Со тоа нивно несовесно и неодговорно однесување останаа неразгледани и неприфатени одредени одлуки доставени по барање од страна на институциите и граѓаните на Општина Ново Село кои што се од витално значење.

Се извинуваме на граѓаните и институциите што навремено не одговараме на нивните барања поради несовесното и неодговорното однесување на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Со почит,

Претседател на Совет на Општина Ново Село

Валентина Попова“

Font Resize
Контраст