Соопштение до јавноста во однос на Урбанистичкиот Проект за инфраструктура за фекален канализационен систем за с.Сушица,Општина Ново Село
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ОПШТИНА НОВО СЕЛО
Градоначалник
Број. 10-1321/2
09.06.2021 година
Ново Село
Врз основа на Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр. 32/20,), од Законот за локална самоуправа (“Сл. весник на РМ“ бр.5/02), член 28 од Статутот на Општина Ново Село , и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Ново Село за 2021 година со Бр.08-208/1 од 26.01.2021 година, од Советот на Општина Ново Село, Градоначалникот на Општина Ново Село го донесе следното:
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
По Урбанистичкиот Проект за инфраструктура за фекален канализационен систем за с.Сушица, Општина Ново Село
Јавниот увид по Урбанистичкиот Проект за инфраструктура за фекален канализационен систем за с.Сушица, Општина Ново Село, по барање на Лијлана Ивановска Струмица, управител на ДПТУИ ИДЕА КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Струмица, ќе трае 15 (петнаесет) дена, сметано во деновите од 10.06.2021 до 25.06.2021 год. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со Урбанистичкиот Проект за инфраструктура за фекален канализационен систем за с. Сушица, Општина Ново Село, по барање на Лијлана Ивановкса Струмица, управител на ДПТУИ ИДЕА КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Струмица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења во електорнска форма преку информациски систем е-урбанизам.
Општина Ново Село
Градоначалник
Никола Андонов
Преземи: Соопштение-до-јавноста