Планска програма за УПВНМ за индустриска зона “НОВО СЕЛО“, м.в. “Кушутица“,КО Ново Село, Општина Ново Село
ОПШТИНА НОВО СЕЛО
ГРАДОНАЧАЛНИК
БР.10-1300/3
Од 09.06.2021год.
Ново Село
Градоначалникот на Општина Ново Село, решавајќи по барањето на Друштво за градежништво,трговија и услуги НИМАЕР ДООЕЛ Струга, поднесено под број 10-1300/1 од 07.06.2021 година, за одобрување на планска програма, врз основа на член 44 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.32/2020), го издава следното:
РЕШЕНИЕ
Се одобрува Планската програма,со технички број 03-12/2021 од јануари 2021година изработена од Друштво за градежништво,трговија и услуги НИМАЕР ДООЕЛ Струга за изработка на планска за УПВНМ за индустриска зона“Ново Село“,м.в, “Кушутица“,К.О. Ново Село,Општина Ново Село..
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Барателот Друштво за производство,трговија,услуги и инженеринг ИДЕА-КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Струмица, поднесе барање за одобрување на Планска програма,со технички број 03-210/21 од јуни 2021 година изработена од Друштво за градежништво,трговија и услуги НИМАЕР ДООЕЛ Струга, поднесено под број 10-1300/1 од 07.06.2021 година за изработка на планска програма за УПВНМ за индустриска зона“Ново Село“,м.в, “Кушутица“,К.О. Ново Село,Општина Ново Село.
Со барањето ја приложи следната документација и докази:
- Проектна програма
- Барање
Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на општина Ново Село, со Решение бр. 09-2137/3 од 17.10.2019 година, по проучувањето на приложената документација со барањето и извршениот увид, констатира дека барањето е основано и Планската програма може да се одобри. Истото го потврди со Предлог одобрување со бр. 10-1300/1 од 09.06.2021 година.
Градоначалникот на општината Ново Село по извршениот увид на приложената документација со барањето и предлогот од Комисијата за урбанизам констатира дека барањето е основано и се исполнети условите од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.32/2020год). Врз основа на тоа, а согласно член 44 од Законот за просторно и урбанистичко планирање донесе решение како во диспозитивот.
ПРАВНА ПОУКА
Против ова Решение,барателот може да изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.
ОПШТИНА НОВО СЕЛО
ГРАДОНАЧАЛНИК
НИКОЛА АНДОНОВ