Конкурс за обука на негуватели
Објавен Конкурс за обука на негуватели. Црвен Крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Струмица ги повикува сите невработени лица од територијата на Општините Ново Село и Василево кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат да аплицираат во периодот од 26.02.2021 до 08.03.2021 година во просториите на Општинската организација Црвен крст Струмица, Општина Ново Село и Општина Василево или на телефонските броеви 075/670-075; 071/205-168; 072/252-022 како и на mail strumica.negacentar@redcross.org.mk секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.
