Соопштение до јавноста во однос на УП Сушица
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ОПШТИНА НОВО СЕЛО
Градоначалник
Број. 10-2443 /11
13.12.2021 година
Ново Село
Врз основа на Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.32/20,), од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02),член 28 од Статутот на Општина Ново Село , и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Ново Село за 2021 година со Бр.08-208/3 од 26.01.2021година, од Советот на Општина Ново Село, Градоначалникот на Општина Ново Село го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е до Ј А В Н О С Т А
По Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за пречистителна станица на фекален канализационен систем за с.Сушица и испусен колектор во реципиент ,Општина Ново Село
Опфатот е со површина од 11864,50м2.
Јавниот увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за пречистителна станица на фекален канализационен систем за с.Сушица и испусен колектор во реципиент ,Општина Ново Село,ќе трае 15(петнаест) дена, сметано во деновите од 14.12.2021 до 28.12.2021год. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења во електронака форма преку информациски систем е-урбанизам.
ОПШТИНА НОВО СЕЛО
Градоначалник,
Ѓорѓе Божинов