Category: <span>Вести</span>

Прво прскање против возрасни комарци по земјен пат во општините во Југоисточниот плански регион

Се известуваат сите граѓани на десетте општини во Југоисточниот плански регион, дека првото прскање против возрасни комарци ќе се изврши во период од 14 до 16 Јуни 2021 година, со следниот распоред:

  1. На 14.06.2021 година (Понеделник), во период од 20 до 04 часот во општините Радовиш и Конче.
  2. На 15.06.2021 година (Вторник), во период од 20 до 04 часот во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.
  3. На 16.06.2021 година (Среда), во период од 20 до 04 часот во општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Обучени 14 негуватели за стари лица и лица со попреченост преку проектот „Центар за помош и нега во домот“

На ден 09.06.2021 година, 14 негуватели, преку обука организирана од ОО Црвен Крст Струмица, добија сертификати за успешно помината обука и се спремни да пружаат социјални услуги на стари лица и лица со попреченост во Општините Ново Село и Василево.

Градоначалникот на Општина Ново Село, обраќајќи се на новообучените негуватели истакна: “Овој проект е од големо значење за Општина Ново Село, бидејќи ние како општина имаме стара популација и затоа помошта од вас ќе биде од голема корист. Ние имаме обучено 9 луѓе, кои ќе им помагаат на 18 стари лица и лица со попреченост на кои им треба помош. Со овој проект ќе се доближиме повеќе до граѓаните, бидејќи граѓаните ја имаат таа потреба. Ви препорачувам да се однесувате одговорно за луѓето да бидат задоволни. Благодарен сум на Општинската организација на Црвен Крст Струмица кои заедно со нас како партнери го реализираме овој проект и се надевам дека ќе продолжи соработката“.

Обуката на негувателите беше овозможена преку проектот „Центар за помош и нега во домот“ кој е развиен преку меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Ново Село и Општина Василево во партнерсто со „Црвен Крст на РСМ ОО Струмица, а ќе се спроведува на територијата на двете општини. Проектот е финансики поддржан од Министерството за труд и социјална политика и Светска банка.

Целта на проектот е давање на услуги со кои ќе се обезбеди помош во вршење на основни и инструментални активности од секојдневниот живот за лица со намален функционален капацитет кои неможат сами да се грижат за себе, со цел да продолжат да живеат во сопствениот дом и да водат независен живот во заедницата.

Во наредниот период, тимови на Црвен Крст ќе излезат на терен, на територија на двете општини, со цел да ги мапираат потенцијалните корисници на услугата помош и нега во домот.

Постапка за Објава бр.2/2021 арх. бр. 05-751/1 од 01.04.2021 за електронско јавно наддавање за продажба на движни ствари – патнички моторни возила во сопственост на Општина Ново Село

Постапка за Објава бр.2/2021 арх. бр. 05-751/1 од 01.04.2021 за електронско јавно наддавање за продажба на движни ствари – патнички моторни возила во сопственост на Општина Ново Село

 

Општина Ново Село, на 02.04.2021 година, објави Оглас за електронско јавно наддавање за продажба на движни ствари – патнички моторни возила во сопственост на Општина Ново Село. Предмет на електронското јавно наддавање беа три патнички моторни возила: 1. Mercedes vito 110 SD, 2. Citroen Berlingo, 3. Citroen C5.

Патничките моторни возила се продаваат во согласност со Одлука за продажба на движни ствари-патнички моторни возила сопственост на Општина Ново Село донесена од Советот на Општина Ново Село бр. 08-2617/1 од 18.11.2019, Одлука за измена и дополна на Одлуката за продажба на движни ствари-патнички моторни возила сопственост на Општина Ново Село бр.08-2617/1 од 18.11.2019 заверена со архивски бр. 08-298/1 од 03.02.2021 година како и Одлука за продажба на движни ствари-патничко моторно возило сопственост на Општина Ново Село бр. 08-1944/1 од 20.10.2020, Одлука за измена и дополна на Одлуката за продажба на движни ствари-патничко моторно возило сопственост на Општина Ново Село бр.08-1944/1 од 20.10.2020 година заверена со архивски бр.-08-299-1-од-03.02.2021.

Цената за продажба на патничките моторни возила е утврдена преку Извештај за процена на вредност на транспортни средства Бр.15-016/19 од 28.10.2019, Бр.09-016/19 од 28.10.2019 и  Бр.09-011/20 од 31.08.2020 година изготвена од страна на Трговец поединец за процена, проектирање и вештачење МС СТОП ИНЖЕНЕРИНГ Миле Ацо Стојменов ТП Струмица – овластен судски проценител.

Постапката за продажба на патничките ствари се врши по пат на електронско јавно наддавање преку системот www.e-stvari.mk , каде сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица, кои можат да се стекнат со сопственост на движни ствари на територија на РСМ согласно со закон, можат да поднесат пријава во согласност со условите и потребните документи и да учествуваат на јавното наддавање.

Објавата за јавно наддавање за продажба на патничките моторни возила беа објавени на:

  1. На 02.04.2021 објавен на www.e-stvari.mk
  2. На 02.04.2021 година на општинската веб страна: http://www.novoselo.gov.mk/oglasna-tabla/%d0%be%d0%b1%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b0-%d0%b1%d1%80-2-2021-%d0%b7%d0%b0-%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%ba%d1%82%d1%80%d0%be%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%be-%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%be-%d0%bd%d0%b0%d0%b4%d0%b4%d0%b0/
  3. На 02.04.2021 во дневни изданија на весниците Нова Македонија и Слободен Печат

Рокот за поднесување на пријави за електронско јавно наддавање беше заклучно со 16.04.2021 година.

По истекот на крајниот рок за доставување на пријави, комисијата за спроведување на постапката утврди дека има поднесено само една пријава и тоа за патничкото моторно возило Citroen C5, а за останатите две возила во објавата нема поднесено ниту една пријава.

По административна проверка на документите во пријавата, спроведено е јавно наддавање со електронска аукција. Согласно електронското јавно наддавање на ден 22.04.2021 година, за моторното возило Citroen C5 со статус на најповолен понудувач се стекало физичкото лице Мите Аврамов, ул. 10-ти септември бр. 3 од Ново Село, со највисока постигната цена од 291.200,00 денари, кој и всушност беше единствен понудувач.

Во прилог е прикачено досието од постапката.

Објава бр. 2/2021

Објава-во-весник-Слободен-Печат

Објава-во-весник-Нова-Македонија

Извештај-од-спроведена-постапка

Извештај-за-процена-на-вредност-на-транспортно-средство-citroen-c5

Извештај-за-процена-на-вредност-на-транспортно-средство-citroen-berlingo

Извештај-за-процена-на-вредност-на-транспортно-средство-mercedes-vito

 

ОДЛОЖЕНО! Прво прскање против возрасни комарци по земјен пат

Се известуваат сите граѓани на десетте општини во Југоисточниот плански регион, дека првото прскање против возрасни комарци ќе се изврши во период од 7 до 9 Јуни 2021 година, со следниот распоред:

  1. На 07.06.2021 година (Понеделник), во период од 20 до 04 часот во општините Валандово, Дојран, Гевгелија и Богданци.
  2. На 08.06.2021 година (Вторник), во период од 20 до 04 часот во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.
  3. На 09.06.2021 година (Среда), во период од 20 до 04 часот во општините Радовиш и Конче.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Второ прскање против ларвицидни комарци по земјен пат

Десетте општини во соработка со Центарот за развој на Југоисточен плански регион ќе спроведуваат активности за третирање против ларвицидна и возрасна форма на комарци по земјен пат. Предвидени се две третирања за лавициди и три третирања против возрасни комарци на територијата на Југоисточен плански регион со вкупна површина од 5.376 ха.

Се известуваат сите граѓани на десетте општини во Југоисточниот плански регион дека второто ларвицидно прскање ќе се изврши во период од 17 до 19 Мај 2021 година, со следниот распоред:

На 17.05.2021 година (Понеделник), во период од 09 до 16 часот во општините Валандово, Дојран, Гевгелија и Богданци.

На 18.05.2021 година (Вторник), во период од 09 до 16 часот во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.

На 19.05.2021 година (Среда), во период од 09 до 16 часот во општините Радовиш и Конче.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да превземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Асфалтирање на локален пат Зубово – спој со пат Ново Село – Мокриево

Асфалтирање на локален пат Зубово – спој со пат Ново Село – Мокриево

Денес, 27.04.2021 година, започна поставување на асфалтен слој на локален пат Зубово – спој со пат Ново Село – Мокриево. Асфалтирањето ќе се одвива во текот на целиот ден и во текот на утрешниот ден (Среда, 28.04.21). По асфалтирањето преостанува изработка на банкини и завршни активности до комплетирање на проектот.

Асфалтирањето е дел од активностите на проектот „Изградба на локален пат Зубово – спој со пат Ново Село – Мокриево“, проектот кој се реализира од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во партнерство со Општина Ново Село.

Проектот е финансиран преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година од  страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и од Буџетот на Општина Ново Село.

Вкупната финансиска конструкција на проектот изнесува 4.709.732,82 денари со вклучен ДДВ, од кои 3.991.299,00 денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, а 718.433,82 денари се обезбедени од Буџетот на Општина Ново Село.

Третирање против комарци во Општина Ново Село

Започнува третирање против ларвицидни и возрасни комарци во општините во Југоисточен плански регион

Десетте општини во соработка со Центарот за развој на Југоисточен плански регион ќе спроведуваат активности за третирање против ларвицидна и возрасна форма на комарци по земјен пат. Предвидени се две третирања за лавициди и три третирања против возрасни комарци на територијата на Југоисточен плански регион со вкупна површина од 5.376 ха.

Се известуваат сите граѓани на десетте општини во Југоисточниот плански регион дека првото ларвицидно прскање ќе се изврши во период од 20 до 22 Април 2021 година, со следниот распоред:

На 20.04.2021 година (Вторник), во период од 09 до 16 часот во општините Валандово, Дојран, Гевгелија и Богданци.

На 21.04.2021 година (Среда), во период од 09 до 16 часот во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.

На 22.04.2021 година (Четврток), во период од 09 до 16 часот во општините Радовиш и Конче.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да превземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Реконструкција на улици во Општина Ново Село во должина од 3 км

Реконструкција на улици во Општина Ново Село во должина од 3 км

Министерството за транспорт и врски со 70 милиони евра обезбедени од Светска банка го спроведува Проектот за поврзување на локални патишта (ППЛП) со цел да ги поддржи општините во санација / надградба на постоечка локална патна инфраструктура.

Како дел од Проектот за поврзување на локални патишта, Општина Ново Село и Министерството за транспорт и врски ќе ги спроведуваат под-проектите Реконструкција на локални патишта во н.м. Мокриево, во н.м. Колешино и во н.м. Ново Село.

Овие под-проекти имаат за цел да ја подобрат патната инфраструктура и да овозможат подобра врска со околните населени места. Реконструираните улици ќе овозможат современа патна инфраструктура која обезбедува поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, го олеснува движењето при лоши временски услови, ја спречува постојаната ерозија и го спречува загадувањето со постојани наноси на прашина при сувите периоди на земјените патишта.

Главните градежни активности при реконструкција на улиците се: обележување и обезбедување на трасата, ископ на земјениот материјал, обработка на тло, изработка на тампонски слој од дробен камен, изработка на дренажа и одводнување, изработување на асфалтен слој и сл.

Локалниот пат во н.м. Мокриево опфаќа вкупна должина од 657,24 метри. Проектирана вредност на реконструкцијата изнесува 3.638.190,75 денари со ДДВ.

Локалниот пат во н.м. Колешино опфаќа вкупна должина од 983,61 метар. Проектираната вредност за реконструкција изнесува 8,745,730.89 денари со ДДВ.

Локалниот пат во н.м. Ново Село (ул. Струмица со краци) опфаќа вкупна должина од 1.459,71 метар. Проектирана вредност за реконструкција изнесува 12,057,587.51 денар со ДДВ.

Вкупната проектирана инвестиција за трите локални улици изнесува 24.441.509,15 денари со вклучен ДДВ.

Реконструкцијата на овие три улици во општината се само првиот бран на реконстрикции на улици преку Проектот за поврзувње на локални патишта, во моментот се работи и на реконструкција на локални улици во останатите населени места во Општина Ново Село.

Font Resize
Контраст