Доделен Договор за финансирање на проектот „Изградба на фекален канализационен систем во Сушица, Општина Ново Село“

На ден 15.06.2021 година, во Скопје, на свечен настан организиран од страна на Влада на РСМ, во присуство на градоначалници, министри и претседателот на Владата на РСМ Г-дин Зоран Заев, Градоначалникот на Општина Ново Село Г-дин Никола Андонов го презеде доделениот Договор за финансирање на проектот „Изградба на фекален канализационен систем во Сушица, Општина Ново Село“.

Вкупната инвестиција е вредна 40.597.057,00 денари со ДДВ.

Средствата се обезбедени од Влада на Република Северна Македонија и ќе бидат спроведени преку Кабинет на Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции преку ТАВ Македонија ДООЕЛ.

Со овој проект ќе се овозможи целосна мрежна покриеност каде сите домаќинства и институции во Сушица ќе имаат можност да се приклучат и да ги користат овие услуги. Целта на проектот е да се подобри благосостојбата и условите за живеење во Општина Ново Село.

Font Resize
Контраст