Tag: <span>градоначалник</span>

Примопредавање на функцијата Градоначалник на Општина Ново Село

На ден 08.11.2021 година, во просториите на административната зграда на Општина Ново Село, Општинската Изборна Комисија им ги врачи Уверенијата на новоизбраните Советници и Уверението на новоизбраниот Градоначалник на Општина Ново Село.

Потоа, беше извршено примопредавање на функцијата Градоначалник на Општина Ново Село. Новоизбраниот Градоначалник Г-дин Ѓорѓе Божинов ја презеде функцијата од неговиот претходник Г-дин Никола Андонов.

Примопредавање на функцијата Градоначалник на Општина Ново Село

Официјално Никола Андонов ја презеде функцијата градоначалник на општина Ново Село.

На ден 14.05.2019 година, беше извршено примопредавање на должноста помеѓу в.д. Градоначалникот Горан Цветков и новиот Градоначалник Никола Андонов, каде присуствуваа повеќе членови од општинската администрација.

Новиот градоначалник, обраќајќи се на присутните, уште еднаш потврди дека ќе биде градоначалник на сите граѓани на Општина Ново Село не делејќи ги по било каква основа.
Тој ги спомна и неговите приоритети кои

ги вети за време на изборната кампања, односно, завршувањето на канализационата мрежа во Ново Село и обезбедувањето на чиста вода за пиење во повеќето населени места во општината.

Font Resize
Контраст