Category: <span>Вести</span>

КОНКУРС


За обука на Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

Се повикуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат да аплицираат во периодот од 20.09.2022 до 05.10.2022  година.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

-Да се државјани на Република Северна Македонија

-Да имаат најмалку 18 години

-Да имаат општа психо-физичка способност за работа

-Да бидат мотивирани за работа со стари лица и лица со попреченост.

Заинтересираните кандидати може да се пријават на е-маил:
strumica.negacentar@redcross.org.mk, тел. 070/382-229, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Сите заинтересирани кандидати ќе бидат повикани на индивидуално интервју.

Потпишување договор со Амбасадорот на Република Полска, Н.Е. Војциех Тицињски

Денес, Градоначалникот г-дин Ѓорѓе Божинов потпиша договор со Амбасадорот на Република Полска Н.Е. Војциех Тицињски, за донација во износ од 750.000,00 денари за спроведување на Реконструкција на греење во Дом на Култура ,,Јане Сандански”, Ново Село.

Конкурс за обука на негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост – Црвен Крст ОО Струмица

Црвен Крст на РСМ, Општинска Организација Струмица објавува

Конкурс

За обука на Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

Се повикуваат сите невработени лица од општините Струмица, Ново Село, Василево, Босилово, Радовиш, Валандово и Гевгелија кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат да аплицираат во период од 15.11.2021 до 26.11.2021 година.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Да  се државјани на Р. С. Македонија;
  • Да имаат 18 години;
  • Да имаат општа психо-физичка способност за работа;
  • Да имаат минимум основно образование;
  • Да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица и лица со попреченост;
  • Да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени во сервисот за нега во домашни услови при Црвен Крст Струмица – Нега Центар.

Напомена: Обуката за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост е сертифицирана.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават на е-маил: strumica.negacentar@redcross.org.mk

или на тел. број: 070 382 229

Секој заинтересиран кандидат ќе биде повикан на идивидуално интервју.

Примопредавање на функцијата Градоначалник на Општина Ново Село

На ден 08.11.2021 година, во просториите на административната зграда на Општина Ново Село, Општинската Изборна Комисија им ги врачи Уверенијата на новоизбраните Советници и Уверението на новоизбраниот Градоначалник на Општина Ново Село.

Потоа, беше извршено примопредавање на функцијата Градоначалник на Општина Ново Село. Новоизбраниот Градоначалник Г-дин Ѓорѓе Божинов ја презеде функцијата од неговиот претходник Г-дин Никола Андонов.

Започна изградбата на фекално канализациониот систем во Сушица

На терен веќе се одвиваат градежните активности за изградба на фекално канализациониот систем во Сушица. Градежните активности се започнати од улицата кај игралиштето со цел да може да се да се постави канализационата мрежа пред да се започне со асфалтирање на планираните улици во Сушица.  Оваа улица е еден крак од планираните улици за асфалтирање, и истите ќе бидат асфалтирани веднаш по поставување на канализационата мрежа долж овие улици.

Се замолуваат граѓаните за трпение бидејќи улиците ќе бидат дополнително раскопани по поставување на водоводната мрежа, но сето тоа ќе се санира.

Вкупната инвестиција на канализациониот систем е вредна 40.597.057,00 денари со ДДВ. Средствата се обезбедени од Влада на Република Северна Македонија и ќе бидат спроведени преку Кабинет на Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции преку ТАВ Македонија ДООЕЛ.

Со овој проект ќе се овозможи целосна мрежна покриеност каде сите домаќинства и институции во Сушица ќе имаат можност да се приклучат и да ги користат овие услуги. Целта на проектот е да се подобри благосостојбата и условите за живеење во Општина Ново Село.

Теренска ревакцинација во Општина Ново Село

Почитувани,

Во прилог се дадени датумите и термините за теренска ревакцинација во Општина Ново Село. Со оглед дека е започната училишната година со физичко присуство, просториите во кои претходно се вршеше вакцинација не се достапни, па поради тоа ревакцијанта ќе се одвива во општинската мобилна амбуланта кој во дадените термини ќе биде достапна во посочените населени места.

 

 

Реконструкција на улици во Самоилово

Реконструкција на улици во Самоилово

Градежните активности во склоп на проектот „Реконструкција на улици во с.Самоилово, Општина Ново Село“ се веќе започнати на терен.

Проектот предвидува реконструкција на две улици во Самоилово со вкупна должина од 404,9 метри или поединечно улица 1 со должина од 138,3 метри и улица 2 со 266,6 метри должина. Реконструкцијата опфаќа ископ, одбележување и расчистување на трасата, обработка на трасата (ископ на земја, изработка на постелица, планирање на косини итн.), вградување на тампонски слој од дробен камен, поставуање на асфалтен слој и изработка на банкини.

Проектот е финансиран преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година од страна на Бирото за регионален развој и средства од Буџетот на Општина Ново Село.

Трето прскање против возрасни комарци по земјен пат во општините во Југоисточниот плански регион

Се известуваат сите граѓани на десетте општини во Југоисточниот плански регион, дека третото прскање против возрасни комарци ќе се изврши во период од 03 до 05 Август 2021 година, со следниот распоред:

  1. На 03.08.2021 година (Вторник), во период од 20 до 04 часот во општините Радовиш и Конче.
  2. На 04.08.2021 година (Среда), во период од 20 до 04 часот во општините Ново Село, Босилово, Василево, Струмица.
  3. На 05.08.2021 година (Четврток), во период од 20 до 04 часот во општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Font Resize
Контраст