Започна изградбата на фекално канализациониот систем во Сушица
На терен веќе се одвиваат градежните активности за изградба на фекално канализациониот систем во Сушица. Градежните активности се започнати од улицата кај игралиштето со цел да може да се да се постави канализационата мрежа пред да се започне со асфалтирање на планираните улици во Сушица. Оваа улица е еден крак од планираните улици за асфалтирање, и истите ќе бидат асфалтирани веднаш по поставување на канализационата мрежа долж овие улици.
Се замолуваат граѓаните за трпение бидејќи улиците ќе бидат дополнително раскопани по поставување на водоводната мрежа, но сето тоа ќе се санира.
Вкупната инвестиција на канализациониот систем е вредна 40.597.057,00 денари со ДДВ. Средствата се обезбедени од Влада на Република Северна Македонија и ќе бидат спроведени преку Кабинет на Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции преку ТАВ Македонија ДООЕЛ.
Со овој проект ќе се овозможи целосна мрежна покриеност каде сите домаќинства и институции во Сушица ќе имаат можност да се приклучат и да ги користат овие услуги. Целта на проектот е да се подобри благосостојбата и условите за живеење во Општина Ново Село.