Мокрински Извори

Се наоѓаат во подножјето на планината Беласица на надморска височина од 330 метри во близина на селото Мокрино.

Мокрински извори

До ден денешен се пренесува легендата дека селото Мокрино името го добило по своето мокро поле и мочурливите места во својот атар, па така кога другите жители се преселиле на тоа место започнале селото да го викаат Мокрино. Интересно е да се спомене дека во повеќе средновековни документи се споменуваат горе-долу денешните имиња на повеќе струмички села, меѓу кои и селото Мокрино, кој се споменува како посед на некој си Рудл кој живеел во Струмица.

Познато е дека селото Мокрино и неколку други села биле доделени за посед на Хилендарскиот манастир. Ваков статус селата задржале се до битката кај Ровин во 1394 год. каде што загинале: Крали Марко и струмичкиот феудалец Константин. По нивната смрт господари на нивните поседи станале Турците. Селото за цело време останало христијанско и највероватно ги обавувало сите христијански обреди и обичаи во црквата св. Константин и Елена.

Но ова место секоја година на 2- август се собираат жителите на Мокрино и сите околни села. Доаѓаат луѓе од цела Македонија. Се дава курбан, во чест на водата. Се коле вол и се врти на ражен. Обичај на давање курбан е многу стар. Не се знае од кога. Адетот никогаш не бил прекинат освен еднаш. Најверојатно се намало пари. Па така не се истера адетот. Само неколку денови потоа изворот секнал. Следната година на истиот ден Илинден мештаните пак се собрале, заклале вол го направиле обичајот. На 4-ти, како божјата рака да ја одврнала славината, вода од иворот повторно потекла. Оттогаш наваму ниту една година не е пресконат датумот.

Од трите Мокрински извори, истекуваат 40 литри вода во секунда. Температурата на водата е секогаш иста, без оглед каква е надвор температурата. Потокот што потекува од изворот никогаш не замрзнал. Ова се должи веројатно на големата длабочина на изворот и силината на водата. Се мисли дури дека тој е поврзан со Дојранското есеро. Но никој никогаш тоа не ги испитал. Поради количеството и силината на овие води, на времето околу нив имало многу воденици.

Font Resize
Контраст